ОПЕРИРАНИ ОД РАК НА ДОЈКА БЕА МОДЕЛИ НА РЕВИЈА ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА ВО ЊУЈОРК

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(БИ-БИ-СИ)

    ОПЕРИРАНИ ОД РАК НА ДОЈКА БЕА МОДЕЛИ НА РЕВИЈА ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА ВО ЊУЈОРК

    Жени кои преживеале рак на дојка прошетаа на модната писта на Модната недела во Њујорк, на алтернативна модна ревија за долна облека за да соберат пари за хуманитарни цели.

    Ревијата на АнаОно за интимна облека е дело на амeриканската дизајнерка која преживеала рак на дојка Дејна Донофри, а ја претстави оскаровката Мира Сорвино. Модели со најразновидни облини и лични приказни гордо ги покажаа знаците од операциите.

    Скоро половина од моделките имале метастази или поодминати фази на рак на дојка (Фото: Ројтерс)

    Скоро половина од моделките имале метастази или поодминати фази на рак на дојка (Фото: Ројтерс)

    Скоро половина од моделките имале метастази или поодминати фази на рак на дојка, вели Донофри. Сите пари одат за Кансерленд, хуманитарна организација за поддршка и активизам во САД.

    „Се чувствував секси, убава  и бев горда“, рече Пејџ Мур (24) по ревијата. Пред пет недели таа имала двојна мастектомија по генетско тестирање.

    „Си реков, овие лузни се секси и прекрасни, тука сум, жива сум и добро се чувствувам. Само тоа е важно“, рече таа.

    „Без оглед дали имам брадавици или гради или не, јас сум жена“, вели една од моделите (Фото: Ројтерс)

    „Без оглед дали имам брадавици или гради или не, јас сум жена“, вели една од моделите (Фото: Ројтерс)

    Во САД и Велика Британија, истражувачите на ракот велат дека една од осум жени во САД ќе биде дијагностицирана од рак во текот на својот живот.

    „Многу важен момент за моделите е да излезат и да искусат нешто вакво, зашто ракот на дојка им ги презел телата“, вели Донофри. Таа имала двојна мастектомија по дијагнозата за болеста кога имала 27 години.

    Почнала да дизајнира долна облека за други оперирани од рак на дојка откако сфатила дека традиционалната долна облека веќе не можат да ја носат. За својата приказна и инспирацијта за ревијата Донофри пишува и на нејзиниот вебсајт.

    „Како што полека одново си ја градам самопочитта и самодовербата, прво со тетоважа на местото на мастектомијата, па зборувајќи со другите жени за животот по терапијата, и конечно кога го пробав мојот првиот прототип на градник, се прашував зошто овој дел не е дел од оние памфлети насловени ‘Што да очекуваш кога очекуваш мастектомија’ што ги ги даваат кај хирургот“, вели Донофри.

    „Без оглед дали имам брадавици или гради или не, јас сум жена“, вели моделот Кјаро Дагостино, учителка и блогерка од Њу Џерси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира