ПО НАПАДИТЕ ВО БАВАРИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОКТОБЕРФЕСТ ВО МИНХЕН ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО НАПАДИТЕ ВО БАВАРИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОКТОБЕРФЕСТ ВО МИНХЕН ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

    СПЕЦИЈАЛНО ОД МИНХЕН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК: ДАНИЕЛА СТОЈАНОВИЌ – КАРГОВ

    Министерството за внатрешни работи на Баварија формираше 30-члена посебна комисија за безбедност, откако во само една недела се случија четири крвави настани со 11-мина мртви и 50-тина повредени, а веќе на сојузно ниво се иницира и нов закон за контрола на оружјето, како и нови начини за контрола на бегалците, кои пристигнале или се уште пристигнуваат од кризните региони.

    По овие случувања, Баварија и цела Германија се во шок. Иако е присутен стравот, народот не сака да се откаже од нормалниот живот и посета на летните настани каде е видливо присуство на бројни полициски сили. Уште отсега се знае дека за претстојниот Октоберфест во Минхен ке бидат инвестирани околу два милиони евра за неговото обезбедување, а претседателот на Баварија ќе побара и евентуално вклучување на сојузната Армија.

    Крвавата недела во Баварија започна со нападот на авганистански азилант во возот кон Вирцбург, во кој со секира нападна и тешко повреди пет лица. Три дена подоцна се случи масакрот во Минхен, во кој беа убиени деветмина и ранети околу 30-тина луѓе. Ден потоа, во Ројтлинген, сириски азилант закла со мачета една жена и повреди уште двајца. Последниот настан од синоќа во Ансбах, кадешто сириски бегалец се разнесе со експлозивен материјал, откако полицијата не му дозволи да влезе на концертот при што повреди 12 луге, од кои двајца се во критична состојба.

    Во сите случаи се работи за психички лабилни личности, но во случаите во Вирцбург и вчера во Ансбах се работи и за веројатна поврзаност со Исламска држава. И сите оружјето го имаат набавено на црниот интернет пазар, кој е достапен секому.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари