ПОЛОВИНА МИЛИОН ДЕМОНСТРАНТИ НА ЖЕНСКИОТ МАРШ ПРОТИВ ТРАМП ВО ВАШИНГТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Вашингтон,(разниизвори)

    ПОЛОВИНА МИЛИОН ДЕМОНСТРАНТИ НА ЖЕНСКИОТ МАРШ ПРОТИВ ТРАМП ВО ВАШИНГТОН

    Стотици илјади демонстранти денеска ги наполнија улиците во Вашингтсон, создавајќи море од розови шапки и транспаренти за Женскиот марш против новиот американски претседател Доналд Трамп, само еден ден по неговата инаугурација. Организаторите во Вашингтон ја зголемија бројката на учесници на повеќе од 500.000, но конечната бројка може да биде уште поголема бидејќи учесниците на маршот имаше и на улици надвор од официјалната рута. Стотици илјади учесници имаше и на сестринските маршови во други американски градови, вклучувајќи ги Чикаго, Бостон, Сиетл и Лос Анџелес, а снимките од воздух покажуваа преполни улици на маршовите против мизогинија, расизам, хомофобија и религиозна нетолеранција.

    Актерката и активистка Америка Ферера беше еден од говорниците на маршот.

    „Ова е  тешко време да се биде жена и имигрант во оваа земја. Нашите достоинство, карактер и права се нападнати и платформа на страв и поделби дојде на власт вчера. Но, претседателот не е Америка. Неговиот кабинет не е Америка. Конгресот не е Америка. Ние сме Америка и не одиме никаде“, порача Ферера.

    Во Вашингтон, метрото имаше 275.000 патници до 11 часот по локално време, повеќе од претходниот ден за инаугурацијата на Трамп, кога со метрото патуваа 193.000 луѓе.

    Познатите личности како актерката Скарлет Јохансон привлекоа аплаузи, додека пејачката Алиша Кис ги повика учесниците да скандираат: „Нозете на земја, нема повлекување“.

    Плановите за маршот беа претставени кусо по победата на Трамп на изборите во ноември. Противкандидатот на Трамп, Хилари Клинтон, го поздрави масовниот одзив на маршот.

    Претходно денеска, илјадници луѓе излегоа на улиците во Австралија и Нов Зеланд, почнувајќи го глобалниот Женски марш на Вашингтон. Нешто подоцна, протест имаше и во централен Лондон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира