ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП БИ БИЛ ФУНДАМЕНТАЛНА ЗАКАНА ЗА МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ, ВЕЛИ КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИ НА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(ЕН-ПИ-АР)

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП БИ БИЛ ФУНДАМЕНТАЛНА ЗАКАНА ЗА МЕДИУМСКИТЕ СЛОБОДИ, ВЕЛИ КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИ НА САД

    Комитетот за заштита на новинари на САД (КЗН) синоќа соопшти дека претседателството на Доналд Трамп би претставувало фундаментална закана за медиумските слободи. Во изјавата, претседателката на КЗН Сандра Мимс Роув напиша:

    „Последиците за правата на новинарите во светот би биле далеку посериозни… би ги охрабрило диктаторите и деспотите да ги ограничат медиумите во нивните земји“.

    Овој став на Комитетот е остар и без преседан. Комитетот изјави дека нема да се определи за ниеден кандидат, но заклучи дека Трамп „претставува закана за медиумските слободи каква што не е позната досега во современата историја на САД“.

    Како претседателски кандидат на републиканците, Трамп, за само 24 часа се закани дека ќе го тужи „Њујорк тајмс“ оти објави две сведоштва на жени кои тврдат дека Трамп сексуално ги нападнал, ги нападна медиумите дека се крило на кампањата на Клинтон, и го нарече новинарот на Асошиетед прес „лигло“ оти се осмелил да го праша за овие обвинувања. Тој исто така со месеци им се заканува на медиумите. На новинарите од редакции кои се критички настроени кон неговата кампања често им забранува да известуваат од неговите јавни настапи.

    Адвокатите на Трамп се заканија дека ќе ја уништат една од највиталните новински организации во земјата, „Њујорк тајмс“. Во писмо до „Тајмс“, адвокатот Марк. Е. Касовиц побара весникот да го повлече текстот кој е заснован на интервјуа со две жени кои го обвинија Трамп за сексуален напад. Едната вели дека Трамп ја фаќал и ја ставил раката под фустанот додека седел до неа во авион, а другата дека ја бакнал в уста против нејзина волја додека чекале лифт во Трамп кулата.

    „Вашиот текст е валкан, навредлив и сам по себе е клевета“, напиша Касовиц до главниот уредник на „Њујорк тајмс“ Дин Бакет. „Очигледно е од тајмингот на објавата дека текстот не е ништо друго освен политички мотивиран напор да се порази кампањата на г. Трамп“, вели адвокатот.

    Помошникот генерален советник на „Тајмс“ Дејвид Меккро прати епско писмо во кое вели дека, со оглед на минатите јавни изјави на Трамп, меѓу која е и онаа кога му прифати на радионовинарот Хауард Стерн да разговараат за ќерка му како за „газе“, репутацијата на кандидатот за претседател не може да биде повеќе засегната. Напротив, „ќе беше лоша услуга не само на нашите читатели туку и на демократијата воопшто, ако ги замолчевме гласовите на оние што го обвинуваат. Ние го сторивме она што ни го дозволува законот: објавивме информации за тема која е од длабок јавен интерес. Ако г. Трамп не се согласува со тоа, ако смета дека американската јавност нема право да знае што имаат да кажат овие жени, и дека законот во оваа земја нѐ присилува нас и оние кои ќе се осмелат да го критикуваат да молчиме или да бидеме казнети, тогаш сметаме дека ова е добредојдена прилика судот да го исправи“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира