ПРО-БРЕГЗИТ ПАРТИЈАТА УКИП ОСТАНА БЕЗ ЕДИНСТВЕНИОТ ПРАТЕНИК ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    ПРО-БРЕГЗИТ ПАРТИЈАТА УКИП ОСТАНА БЕЗ ЕДИНСТВЕНИОТ ПРАТЕНИК ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    Единствениот пратеник на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) во британскиот парламент денеска соопшти дека ја напушта партијата за да продолжи како независен пратеник. Даглас Карсвел ја напушти Конзервативната партија во 2014 година да ѝ се придружи на евроскептичната партија УКИП, бидејќи сакаше Британија да ја напушти Европската унија.

    „Сега можеме да бидеме сигурни дека тоа ќе се случи, па решив да ја напуштам УКИП“, објасни тој на својот блог.

    В среда, се очекува премиерката Тереза Меј и официјално да ја извести ЕУ дека Британија си заминува.

    Напуштањето на Карсвел е уште еден удар за УКИП, којашто привлече многу негативни наслови и нејзината популарноста опадна откако Британија изгласа да си замине од ЕУ на референдумот во јуни.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира