ПУТИН СЕ ПОНУДИ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ТРАМП НЕ ИМ ОТКРИЛ ТАЈНИ НА РУСИТЕ

    ПУТИН СЕ ПОНУДИ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ТРАМП НЕ ИМ ОТКРИЛ ТАЈНИ НА РУСИТЕПонудата на рускиот претседател доаѓа со услов доказите да бидат побарани од администрацијата на Трамп. - Владимир Путин на прес-конференција во јануари 2017 (Фото: Ројтерс)

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска кажа дека американскиот претседател Доналд Трамп не споделил какви било тајни за време на средбата со двајца руски функционери во Белата куќа и се понуди да приложи транскрипт од средбата во Белата куќа, предизвикувајќи потсмев во Вашингтон дека Кремљ може да открие дали Трамп споделил класифицирани разузнавачки податоци.

    Провокативната понуда од Кремљ да сподели докази со надлежните комитети од Сенатот и Конгресот за средбата во Овалната соба доаѓа со услов транскриптот да биде побаран од администрацијата на Трамп.

    Трамп минатата недела се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак.
    Како што објави „Вашингтон пост“, Трамп на средбата со Лавров и Кисљак открил класифицирани информации за планот на Исламска држава да прошверцува бомба во лаптоп во патнички авион.

    Последователните извештаи сугерираа дека информациите дошле од израелската влада и биле толку чувствителни што не биле споделени ниту со најблиските сојузници на САД.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира