РОМАНИЈА СУДИ 1.300 ФУНКЦИОНЕРИ ЗА КОРУПЦИЈА ОД 260 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Романија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РОМАНИЈА СУДИ 1.300 ФУНКЦИОНЕРИ ЗА КОРУПЦИЈА ОД 260 МИЛИОНИ ЕВРА

    Романската Специјална обвинителка изјави дека лани скоро 1.300 функционери се дадени на суд во случаи за корупција за штета што достигнува над 260 милиони евра. Лаура Ковеси Кодрута, која е на чело на државната антикорупциска агенција, денеска изјави дека на обвинителите им требаат стабилни закони за да може да си ја вршат работата.

    Ковеси рече дека 3 министри, 17 пратеници, 16 судии и други функционери се меѓу обвиненијата на највисоко ниво што агенцијата ги поднесе минатата година.

    Минатиот месец, владата издаде крајно според декрет со кој ќе се декриминализираше злоупотребата на службената положба, што предизвика масовни протести. Премиерот Сорин Гриндеану ја повлече мерката.

    Ковеси рече: „Ние сакаме да се бориме против корупцијата, но напорите мора да се поддржани од стабилни законодавство и институционална рамка“.

    Претседателот Клаус Јоханис ја нарече романската антикорупциска акција, која е фалена од западните сојузници, „неопходна ако сакаме модерна држава“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира