РОМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО ДАВА МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА НА МУСЛИМАНКА, БАРА ОД ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА ДРУГ КАНДИДАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Букурешт,(АП)

    РОМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ ГО ДАВА МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА НА МУСЛИМАНКА, БАРА ОД ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА ДРУГ КАНДИДАТ

    Романскиот претседател рече дека нема да ја назначи за премиер економистката која можеше да стане првата муслиманка премиер во земјата.

    Претседателот Клаус Јоанис рече дека „внимателно ги разгледал аргументите за и против“ и решил да не ја номинира Севил Шаидех (52), релативно ново лице во политиката, на функцијата премиер.

    Јоанис ја повика Социјал-Демократската партија, победникот на изборите на 11 декември, која ја предложи Шаидех минатата недела, да номинира некој друг за премиер. Тој не кажа зошто нема да ја номинира Шаидех, која е критикувана дека нема доволно политичко искуство. Претходно, таа кусо беше на функцијата министер за регионален развој во 2015 година.

    Претседателот на Социјал-Демократите Ливиу Драгнеа не може да стане премиер, бидејќи годинава беше осуден за изборна измама.

    Коментари