РОМАНЦИТЕ МАРШИРАА ПРОТИВ ДЕКРЕТИТЕ ЗА ПОМИЛУВАЊА ЗА КОРУПЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Романија,(РОЈТЕРС)

    РОМАНЦИТЕ МАРШИРАА ПРОТИВ ДЕКРЕТИТЕ ЗА ПОМИЛУВАЊА ЗА КОРУПЦИЈА

    Илјадници Романци протестираа во Букурешт и во Клуж против владиниот план да помилува затвореници и да декриминализира некои дела со итни декрети, што може да ја ослаби борбата против корупцијата.

    Во Букурешт, околу 3.000 луѓе носеа транспаренти на кои пишуваше „Ве гледаме“ и „Во демократија, крадците остануваат в затвор“ и маршираа кон владината зграда.

    Вчера, претседателот Клаус Јоханис учествуваше на владина седница за првпат откако стапи на функција во 2014, и побара од министрите да не го менуваат кривичниот закон со декрет поради стравувањата дека борбата против корупцијата ќе замре.

    „Има два слона во оваа соба, а никој не збори за нив: итниот декрет за помилувања и декретот со кој се менува кривичниот закон. Нагласувам дека премиерот има обврска да не презема такви мерки преку ноќ и на било која владина седница“, рече Јоханис, лидер на десниот центар.

    Предлог-декретите, објавени по владината седница, покажуваат дека ќе бидат помилувани осуденици казнети под 5 години затвор за разни кривични дела. Владата сака да ја декриминализира и злоупотребата на службена положба со која буџетот е оштетен под 47,500 долари.

    Владата, која стапи на функција по парламентарните избори на 11 декември, се повикува на потребата да се усогласи кривичниот закон со неодамнешните пресуди на Уставниот суд. Исто така, вели и дека со помилувањата ќе се растоварат преполнетите романски затвори.

    Критичарите велат дека загрижува менувањето на кривичниот закон со декрет место низ парламентарна процедура, каде владата има солидно мнозинство, но ќе се соочи со остра дебата. Декретот стапува на сила веднаш.

    Судиите, јавниот обвинител и главната специјална обвинителка ги критикуваа плановите да се менува кривичниот закон без консултации со судството.

    Злоупотребите на службената положба се третина од антикорупциските истраги. Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија и спикер на долниот дом на парламентот Ливиу Драгнеа е под истрага за злоупотреба на служвбената положба, а осуден е и на 2 години условна казна за изборни измами.

    Европската комисија го држи романскиот правен систем под специјален мониторинг. Ги фали напорите на судовите да се борат против раширената корупција, но забележува дека романските политичари имаат историја на обиди да се донесат закони кои ќе ги ослабат истражните дејства.

    Премиерот Сорин Гриндеану изјави дека декеретите не се на дневен ред оваа недела, но би дошле откако ќе се консултира судството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира