САД И РУСИЈА ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА, ЗАЕДНО ЌЕ ГИ БОМБАРДИРААТ ИСЛАМСКА ДРЖАВА И АЛ-КАЕДА

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Женева,(АП)

    САД И РУСИЈА ДОГОВОРИЈА ПРИМИРЈЕ ВО СИРИЈА, ЗАЕДНО ЌЕ ГИ БОМБАРДИРААТ ИСЛАМСКА ДРЖАВА И АЛ-КАЕДА

    САД и Русија соопштија дека постигнале договор за Сирија, кој предвидува примирје низ целата земја, почнувајќи од следниот понеделник, а една недела подоцна ќе следува ново неочекувано воено партнерство помеѓу двете ривалски влади во борба против Исламска држава и ал-Каеда. Американскиот државен секретар Џон Кери нешто по полноќ кажа дека планот може да го намали насилството во Сирија и да доведе до долгоочекуваната политичка транзиција, ставајќи крај на повеќе од пет години крвопролевање. Тој го нарече договорот потенцијална „пресвртна точка“ во конфликтот во кој загинаа над 500.000 луѓе, под услов да биде исполнет од сириската влада, поддржана од Русија и од бунтовничките групи, поддржани од САД.

    Примирјето почнува да важи од вечерта на 12 септември, што се поклопува со муслиманскиот празник Еид ал-Адха. Партнерот на Кери во преговорите, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го потврди договорот и кажа дека тој ќе помогне да се прошири борбата против терористите и дистрибуцијата на помош до сириските цивили. Тој кажа дека сирискиот претседател Башар Асад е подготвен да го исполни договорот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира