СИРИЕЦОТ ШТО ГО СНИМИ ОСКАРОВЕЦОТ ЗА КУС ДОКУМЕНТАРЕЦ НЕ ДОБИ ВИЗА ЗА САД

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"САД,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИРИЕЦОТ ШТО ГО СНИМИ ОСКАРОВЕЦОТ ЗА КУС ДОКУМЕНТАРЕЦ НЕ ДОБИ ВИЗА ЗА САД

    Политиката продолжи да се меша во Оскарите кога 40-минутниот документарец „Белите шлемови“ освои Оскар за најдобар кус документарец. Оваа категорија обично не добива големо внимание, но годинава беше во центарот оти 21-годишниот Сириец снимател на филмот не успеа да влезе во САД.

    Режисерот Орландо фон Ајзајдел и продуцентката Џоана Натасегара го примија Оскарот на сцената ја споделија пораката од снимателот Калед Катеб.

    „Многу сме благодарни што овој филм ја истакна нашата работа во светот. Се надевам дека секој кој ќе ме чуе ќе стори сѐ за да го сопре крвопролевањето во Сирија и низ светот и да покаже дека на сите ни е важно оваа војна да заврши што поскоро“, се вели во пораката.

    Филмот е за спасителите кои ги ризикуваат животите за да спасат Сиријци кои страдаат во граѓанската војна. Многу од членовите на групата се убиени од силите на претседателот Башар ал Асад, а групата лани беше номинирана за Нобелова награда за мир.

    Според Министерството за внатрешни работи на САД, во последен момент е решено да се спречи Катеб да дојде во Лос Анџелес на Оскарите. Тој требаше да дојде во саботата во Лос Анџелес со лет од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, но плановите беа откажани откако американските власти нашле „навредливи информации“ за Катеб.

    Во категоријата за најдобар долгометражен документарец победи „О. Џеј: Мејд ин Америка“ на Езра Еделман за судењето ан О. Џеј. Симпсон, долг 467 минути и е најдолгиот филм што добил Оскар досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира