СЛАВНОТО ЗНАМЕ ОД НАПАДИТЕ НА 11 СЕПТЕМВРИ МИСТЕРИОЗНО СЕ ПОЈАВИ 15 ГОДИНИ ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(Еј-Би-Си)

    СЛАВНОТО ЗНАМЕ ОД НАПАДИТЕ НА 11 СЕПТЕМВРИ МИСТЕРИОЗНО СЕ ПОЈАВИ 15 ГОДИНИ ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО

    Веднаш по терористичките напади од 11 септември 2001 година, препознатлива слика со пожарникари како го креваат американското знаме над остатоците од паднатиот Светски трговски центар во Њујорк стана симбол на надеж и сила за многу Американци. „Знамето од граунд зиро“, како што беше наречено, исчезна набрзо потоа и беше загубено за време на расчитување на областа.
    Сега, 15 години подоцна, знамето е изложено во Националниот музеј „11 септември“ во Њујорк.

    „Во најтемните мигови од 11 септември, кога нашата земја беше на прагот да ја загуби целата надеж, подигнувањето на знамето од нашите пожарникари помогна да се потврди дека нацијата ќе истрае, закрепне и ќе се изгради повторно, дека секогаш ќе се сеќаваме и ќе ги почитуваме сите оние кои ги загубија животите и ги ризикуваа животите за да спасат други“, соопшти претседателот на музејот Џои Дениелс.

    Патувањето на знамето низ земјата продолжува да биде мистерија. Знамето беше првично земено од јахта во сопственост на Ширли Драјфус и нејзиниот починат сопруг Спирос Копелакис, која беше закотвена близу Светскиот трговски центар, се вели во соопштението на музејот. Во ноември 2014 година, човек кој сака да остане анонимен го оставил знамето во пожарникарската станица „Еверет“ во истоимениот град во државата Вашингтон на другиот крај од САД, велејќи дека тоа е оригиналното знаме од славната и наградувана фотографија. Еден месец претходно, на „Хистори ченел“ одеше емисија за мистеријата на исчезнатото знаме. Полициски детективи од Еверет го истражуваа знамето откако им беше предадено од пожарникарската служба.

    По исцрпна истрага, детективите од Еверет ја потврдија автентичноста на знамето и го предадоа на Националниот музеј „11 септември“ во Њујорк, каде сега стои изложено

    По исцрпна истрага, детективите од Еверет ја потврдија автентичноста на знамето и го предадоа на Националниот музеј „11 септември“ во Њујорк, каде сега стои изложено

    „Му пристапивме како што би пристапиле на секој случај со пронајден имот, но презедовме екстра мерки на претпазливост за да се осигураме дека знамето ќе биде заштитено и безбедно за време на нашата истрага“, кажа шефот на полицијата во Еверет, Ден Темплмен.
    „Нашата цел беше да утврдиме дали има докази кои сугерираат дека тоа е ‘знамето од граунд зиро’ и потоа работевме да му го вратиме на сопственикот“ додаде тој.

    Детективите пребаруваа низ фотографии и користеа анализа на ДНК и сведоштва од очевидци за да ја утврдат автентичноста на знамето, кажа портпарол на Градот Еверет.
    „На крајот, нашите детективи заклучија дека има доволно убедливи докази да се утврди дека тоа најверојатно е ‘знамето од граунд зиро’“, додаде Темплмен.
    „Потоа почнавме да работиме со нашите контакти од Њујорк да направиме план да го вратиме и да го зачуваме знамето“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира