СОВЕТНИКОТ НА ТРАМП ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ДАДЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ВРСКИ СО РУСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Вашингтон,(Би-Би-Си)

    СОВЕТНИКОТ НА ТРАМП ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ ДАДЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ВРСКИ СО РУСИЈА

    Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка поради неговите контакти со Русија, соопшти Белата куќа. Флин наводно дискутирал за американските санкции за Русија со рускиот амбасадор пред Трамп да ја преземе претседателската функција. Тој, исто така, ги излажал надлежните за разговорот.

    Претходно, американските медиуми јавија дека министерството за правда ја предупредило Белата куќа за контактите минатиот месец. Според извештаите, Флин може да биде подложен на уцени од Русија.

    На приватни лица им е забрането да спроведуваат дипломатија во САД и разговорите се случиле минатата година, пред Флин да биде назначен во новата администрација во Вашингтон.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира