ТРИ ЖРТВИ ВО НЕМИРИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД РАСИСТИЧКИ ПРОТЕСТ ВО САД

    ТРИ ЖРТВИ ВО НЕМИРИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД РАСИСТИЧКИ ПРОТЕСТ ВО САДНередите се случија откако возач удри во демонстрантите против расизам - (Фото: АП)

    Три жртви однесоа нередите предизвикани од националистичкиот протест на белци во градот Шарлотвил во американската држава Вирџинија.

    Прво автомобил удри во група демонстранти кои протестираа против националистичкиот марш на белците, при што загина едно лице, а повеќе од дузина се повредени.

    Веднаш потоа се урна хеликоптер на полицијата кој ги надгледувал протестот и контрапротестот. Во несреќата загинал пилотот и еден полицаец.

    Гувернерот на Вирџинија прогласи вонредна состојба за да се спречи хаосот предизвикан од најбројниот протест во последните 10 години на белите националисти и контрапротестот против расизам. Нередите се случија откако возач удри во демонстрантите против расизам, по што се судрија двете групи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари