УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА РОМАНСКИОТ ВИЦЕГУВЕРНЕР НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"Букурешт,(Ројтерс)

    УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА РОМАНСКИОТ ВИЦЕГУВЕРНЕР НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

    Романската полиција денеска го уапси вицегувернерот на Централната банка, Богдан Олтенау, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција (ДНА), објави агенцијата Ројтерс. Ова е прво апсење на водечки банкарски службеник во земјата.
    Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата, на чие чело е Специјалната обвинителка Лаура Кодрута-Ковеси,  бара да му биде одреден 30-дневен притвор.
    „Во тек е истрага, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена“, изјави претставник на дирекцијата. „Има податоци и докази кои покажуваат дека во 2008, Богдан Олтеану, како спикер на долноиот дом на парламентот, побарал и добил милион евра и изборна поддршка од бизнисмен, за да убеди членови на  убеди романската влада да именуваат извесно лице за гувернер на Делтата на Дунав“, се вели во соопштението на ДНА.
    Олтеану беше спикер од 2006-2008, и беше член на тогаш владејачката Либерална партија на експремиерот Калин Таричеану.
    Во последниве 2 години, специјалното обвинителство почна истраги против некои од најмоќните луѓе и луѓе со најголеми врски во Романија. Лани, премиерот Виктор Понта беше обвинет за измама, перење пари  и даночно затајување, и даде оставка во ноември по масовните антикорупциски протести по смртоносниот пожар во дискотека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари