ВИКИЛИКС ОБЈАВИ СКОРО 300.000 МЕЈЛОВИ ОД ПАРТИЈАТА НА ЕРДОГАН

a:1:{s:9:"td_source";s:38:"Анкара(разниизвори)

    ВИКИЛИКС ОБЈАВИ СКОРО 300.000 МЕЈЛОВИ ОД ПАРТИЈАТА НА ЕРДОГАН

    Викиликс ноќеска објави речиси 300.000 електронски пораки од серверот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и илјадници документи поврзани со отпуштањата во земјата кои се одговор за обидот за државниот удар извршен минатиот петок.

    „Викиликс го помести закажаното објавување на документите како одговор на владините отпуштања после пучот“, напиша „Викиликс“.

    Свиркачкиот сајт, кој истакна дека не е ниту про, ниту антивладино настроен, туку во потрага по вистината, наведува дека ги верификувале материјалите и изворите, кои на ниту еден начин не се поврзани со елементите кои стојат зад обидот за пуч, ниту со ривалските политички партии или државата.

    Сајтот наведува дека ова е само првиот дел од илјадниците документи кои ги поседуваат и ќе ги објават. Ноќеска се објавени 294.548 емајлови за кои Викиликс тврди дека се протечени од главниот домеин на владејачката политичка партија во земјата, а се однесуваат на периодот од 2010 до 6 јули 2016 година, една недела пред државниот удар.

    Пред објавувањето, Викиликс претрпе многу хакерски напади, откако соопшти дека турските владини сили ќе се обидат да го спречат објавувањето на материјалите од АКП.  Од сајтот наведуваат дека нападите продолжуваат и оти интернет корисниците се соочуваат со потешкотии при пристапувањето кон материјалите.

    Претходно, непрофитабилната организација побара поддршка од јавноста за споделување на информациите, односно да им помогнат на Турците, преку заобиколување на системот за цензурирање да пристапат до материјалите.

    Турските власти, по државниот удар вршат хајка против лицата кои не се нивни истомисленици. Според последните податоци, речиси десет илјади лица се притворени, а повеќе од 49.000 лица добија откази.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари