ВО БАРСЕЛОНА ПОВРЕДЕН И МАКЕДОНЕЦ, ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ ПЕТМИНА ДА СПРЕЧИ НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД

    ВО БАРСЕЛОНА ПОВРЕДЕН И МАКЕДОНЕЦ, ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УБИ ПЕТМИНА ДА СПРЕЧИ НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДТринаесет луѓе беа прегаЗени до смрт и стотина се повредени откако на познатата пешачка зона на авенијата Рамблас во Барселона терорИсти влетаа со комбе меѓу пешаците (Фото: АП)

    Шпанската полиција убила петмина осомничени терористи за да спречи уште еден напад со возило во градот Камбрилс, веднаш по сличниот напад во Барселона.

    Убиените носеле појаси со експлозиви и се поврзани со претходниот напад, соопшти полицијата.

    Тринаесет луѓе беа прегазени до смрт и стотина се повредени откако на познатата пешачка зона на авенијата Рамблас во Барселона терористи влетаа со комбе меѓу пешаците.

    Меѓу повредените има и македонски граѓанин, кој во моментот  на нападот  бил во непосредна близина. Тој има скршеница на зглобот на ногата.

    „Не е во животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби“, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира