ЖЕНАТА И НЕЈЗИНИОТ 29-ГОДИШЕН ЉУБОВНИК ГО УБИЛЕ ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"РиодеЖанеиро(Ројтерс)

    ЖЕНАТА И НЕЈЗИНИОТ 29-ГОДИШЕН ЉУБОВНИК ГО УБИЛЕ ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ

    Истражителите од Рио де Жанеиро се сомневаат дека грчкиот амбасадор во Бразил бил убиен по нарачка на неговата сопруга и 29-годишен полицаец со кој таа имала афера, објави телевизијата „Глобо“, повикувајќи се на полициски извори.

    Полицијата потврди дека телото пронајдено во изгорен автомобил е на амбасадорот Кирјакос Амиридис (59), кој исчезна пред три дена, кога од Бразилија тргнал да ги прослави новогодишните празници на плажата Копакабана. Сопругата, која е Бразилка и со која има десетгодишна ќерка во средата пријавила дека нејзиниот сопруг е исчезнат.

    Полициски истражители, за телевизијата „Глобо“ изјавиле дека сопругата на Амиридис, Франсоаз и полицаецот Сержио Мориеара биле налогодавачи, а можно и извршители на убиството во домот кој амбасадорот го имал изнајмено во предградието на северниот дел на Рио де Жанеиро.

    Сопругата и нејзиниот љубовник се приведени на сослушување, но не е познато дали повикале и адвокати.

    Ни грчката амбасада во Бразил, ниту полицијата, ниту грчкото министерство за надворешни работи во Атина не сакаат да ги коментираат наводите на телевизијата „Глобо“.

    Телевизијата наведува дека се притворени уште две осомничени лица, но оти не се идентификувани.

    Полицијата претходно наведе дека малку веројатно е дека грчкиот амбасадор е киднапиран, затоа што не е побаран откуп.

    Во Рио де Жанеиро степенот на криминалитет е висок и чести се насилните инциденти, посебно во периодот меѓу католички Божик и Нова година, кога стотина илјади туристи го посетуваат градот.

    Амиридис годинава беше назначен за амбасадор во Бразил. Тој од од 2001 до 2004 година бил генерален конзул на Грција во Рио де Жанеиро, а од 2012 до 2016 година бил амбасадор во Либија.

     

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари