Тагови Постови тагирани со "Коце Трајановски"

таг: Коце Трајановски

КЛАСИФИЦИРАНИ СУДИИ

1 Македонија е веројатно единствена држава каде што гонењето на криминалот е пострашно од самиот криминал. Македонија е држава каде што е загрозена националната безбедност ако е осомничен лидерот на партијата што десет години е на власт, оти и обидот за откривање како се правел евентуален криминал е класифицирана информација. Во Македонија толку е страшна борбата против криминалот, што...

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВТОРПАТ ПОБАРАА ОД МАКЕДОНИЈА ИТНО СМЕСТУВАЊЕ НА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПОД КАЛЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ДОМ

Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената (CEDAW) при Обединетите Нации повторно побара од Владата на Република Македонија итно да обезбеди соодветно домување, храна, чиста вода и непосреден пристап до здравствени услуги, вклучително и услуги поврзани со репродуктивното здравје на четири жени Ромки оставени бездомни од македонските власти. Три од жените се бремени, а четвртата има...

ЗЕЛЕНИОТ КАТАСТАР КОЦЕ НЕ ГО НАПРАВИ НИ ДО КРАЈ НА 2016

Две години градските власти вложуваат пари во изработка на Зелeн катастар за Град Скопје, но никако да го направат. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски лани, на почетокот на годината, уверуваше дека сите дрвја и сето зеленило во Скопје ќе бидат пребројани и документирани најдоцна до крајот на годината. Тоа не се случи, а нов рок за комплетирање на катастарот...

КОЦЕ ЌЕ ПОТРОШИ 15.000 ЕВРА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА И ПОДАРОЦИ ЗА ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Околу 15.000 евра ќе потроши Град Скопје на новогодишни пакетчиња и кожни чанти за вработените во градската администрација. На 6 декември Градот објави тендер за набавка на новогодишни пакетчиња за вработените, а на 15 декември тендер за деловни подароци - чанти. Според огласот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, треба да се набават 520 пакетчиња кои според проценките...

ТЕАРЦЕ ПМ10

1 Стварно, кој ли им се заканувал на амбасадорите на ЕУ во Македонија? Ц, ц, ц... Како можел да им се заканува? Ц, ц, ц... Владејачката ВМРО-ДПМНЕ побара од ЕУ веднаш да „допрецизира и да појасни кој и како им се заканувал на амбасадорите и да се посочи конкретен пример за тоа. За да може надлежните институции поефикасно да...

СКОПЈАНИ ПАК СО ДВЕ ПРОСЛАВИ ЗА НОВА ГОДИНА, ПРОВЛАДИНА И ОПОЗИЦИСКА

Четврта година по ред скопјани ќе бидат поделени за новогодишниот дочек на поддржувачи на владејачката партија и поддржувачи на опозицијата. Единствениот градоначалник од опозицијата во Скопје, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски организира новогодишна прослава која вообичаено ја преполовува публиката која за пречек доаѓа на плоштадот Македонија каде забавата ја организира градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Ниту едниот, ниту другиот не...

ЦРНИ БАЛОНИ ЗА КОЦЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ

Протестот против загадувањето на воздухот во Скопје заврши со фрлање црни балони пред бараките на администрацијата на Град Скопје на градоначалникот Коце Трајановски. Неколку стотици граѓани на протестот, организиран од неколку еколошки организации, попладнево пред Градскиот парк го изразија својот револт од енормното загадување на воздухот со транспаренти „У… ПМ 10“, „Белите дробови ни се црни“, „Сакам Дедо Мраз да...

УРНАТО КУПАТИЛОТО НА СКОПЈАНКА, ИЗМАМЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОЦЕ И СОКОЛ, ЗА ИЗГРАДБА НА БУЛЕВАР

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“. Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее...

КОЦЕ Ѝ ЗАРАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКА ТУЖБА, ОСТАВИ 6 ТРУДНИ ЖЕНИ И 78 ДЕЦА БЕЗ ДОМОВИ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на Македонија ѝ заработи европска тужба со уривањето на импровизираната ромска населба под Кале во Скопје. Европскиот центар за заштита на Ромите со седиште во Будимпешта најавил тужба за Република Македонија, поради уривањето на населбата и нехуманите услови за живот на Ромите кои од почетокот на август се под отворено небо. Европскиот центар за тужбата...

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ГО СМЕНИЛ БЛАГОЈА МЕНКОВСКИ, 16 ГОДИНИ КОМАНДАНТ НА СКОПСКАТА ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА

Градоначалникот на Скопје без никакво образложение вчера го разрешил командантот на Противпожарната бригада на Скопје, Благоја Менковски. На неговото место веднаш го именувал пожарникарот Ѕвонко Томески, досегашен командир на смена во бригадата. Менковски, кој 16 години е командант на бригадата е затекнат од ваквата одлука на градоначалникот Коце Трајановски. „Смената дојде без најава и без образложение. За причините сега не би...