Тагови Постови тагирани со "протест"

таг: протест

РАБОТНИЦИТЕ ОД ЈУГОХРОМ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО КАЈ ЖЕЛИНО

Вработените во фабриката за феролегури „Југохром“ од Јегуновце во четврток од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Скопје-Тетово во двата правци кај наплатната рампа кај Желино. Синдикалната организација на „Југохром Алзар“ Јегуновце најави дека патот ќе го блокираат во знак на протест, бидејќи сите печки во фабриката се исклучени од први ноември лани по налог на Државниот...

ТЕТОВЦИ ПАК ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЕВН

Стотина граѓани од Тетово и околните села денеска повторно се собраа на градскиот плоштад на протест против ЕВН. Во името на Граѓанскиот совет кој ги води овие активности и протести, Абдураим Сулејмани ги запозна присутните на протестот за разговорите што совет ги водел со ЕВН во текот на овој месец. „Средбата со претставниците на ЕВН се одржа на 13 февруари, а веќе...

ИСПЛАТЕНИ ЛОЗАРИТЕ КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД „ПОВАРДАРИЕ“

Прекинат е мирниот протест кој изминатите неколку дена го организираа околу 25 лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, откако им биле исплатени околу триесет илјади евра за грозјето предадено во винаријата во 2014 и 2015 година, потврдија лозари од иницијативниот одбор на протестот. Според нивните информации, за грозјето продадено во тие две години, остануваат неисплатени уште околу осумстотини илјади...

ЛОЗАРИТЕ СО БЛОКАДА НА КАПИИТЕ НА „ПОВАРДАРИЕ“ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ ЗА ОТКУПЕНОТО ГРОЗЈЕ

Лозари синоќа ги блокираа двата влеза на винарската визба „Повардарие“ од Неготино и си ги бараат парите за предаденото грозје во 2014, 2015 и неисплатениот дел од втората рата за 2016 година. „Протестот го пријавивме и во полиција, а го известивме и претседателот на регионалниот Сојуз на лозари ‘Агротиквешија’, Љупчо Аризанов. Се сомневаме дека парите кои ни ги должи винарницата...

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЕВН ВО ТЕТОВО

Околу илјада граѓани протестираа пред седиштето на ЕВН во Тетово незадоволни од цената што ЕВН им ја наплатува за потрошена електрична енергија, јави агенцијата Мета. Тие упатија повеќе барања до компанијата ЕВН, меѓу кои и да се либерализира пазарот на дистрибуција на струја. "Бараме ЕВН да ја намали цената на киловат-час електрична енергија, затоа што цената на отворена берза е многупати...

ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ СВЕДОЦИ Е КРИВИЧНО ДЕЛО, СЕ ЈАВИ СЈО ЗА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) предупреди дека секое влијание врз сведоци е кривично дело, по повод протестот што ВМРО-ДПМНЕ го организираше пред полициската станица во Охрид, додека таму обвинителите и истражителите на Катица Јанева вршат распит на сведоци. „Во врска со предистражна постапка која се води во ова Јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци...

ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД ОТИ СЈО ГИ ПОВИКАЛО НА РАСПИТ

Стотина демонстранти се собраа пред полициската станица во Охрид, кадешто денеска почна распитот на сегашни и поранешни раководители на разни институции во градот, членови на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Специјалното јавно обвинителство. Ова е прв ваков протест пред полицијата, иако и претходно охриѓани биле повикувани на распит од СЈО за други предистражни постапки, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори. Неофицијално, распитот...

НАЈМАСОВНИ ПРОТЕСТИ ОД ПАДОТ НА ЧАУШЕСКУ ВО РОМАНИЈА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Стотици илјади демомстранти протестираа во средата вечер во повеќе романски градови против одлуката на владата да ги декриминализира обвинетите за корупција што украле под 44.000 евра. Репортерите јавуваат дека ова се најголеми демонстрации од паѓањето на Николае Чаушеску и комунизмот во 1989 година до сега. Само во главниот град Букурешт протестирале околу 150.000 луѓе кои на температури под нулата извикувале...

ЈУГОХРОМ ЗАТВОРЕН УШТЕ ТРИ МЕСЕЦИ, ВРАБОТЕНИТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО БЛОКИРААТ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО

Вработените во „Југохром“ денеска од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот Тетово-Скопје кај наплатната рампа во Желино во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките на фабриката од погон. Протестот го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“. Вчера, по најавата за протест, Државниот инспекторат за животна средина донесе Решение за продолжување на забраната за работа...

НАД 3,7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ДЕМОНСТРИРАА НА „ЖЕНСКИОТ МАРШ“ ПРОТИВ ТРАМП ВО САД

Повеќе од 3,7 милиони луѓе учествувале на „Женскиот марш“ што се одржа во саботата во 500 градови во САД, протестирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува. Оваа бројка уште не е конечна, оти околу 200 маршови уште не ги објавиле податоците за бројот на учесници. Ова се најмасовните демонстрации во историјата...