Тагови Постови тагирани со "Силвана Бонева"

таг: Силвана Бонева

СТУДЕНА ВОЈНА

1 Премногу ни беше досадно изминативе две и пол години, па сега добивме малку возбуда во нашите досадни животи. Еве, за почеток, ВМРО-ДПМНЕ од контрапротести се префрли на протести. И кога ги гледаш, како да не знаеш на чиј протест си дојден. Тие зборат дека имало замолчени медиуми. И за Орвелово општество во кое сите биле контролирани. И скандираат...

НЕМА АЈВАР

1 Можам да си ги замислам Никола Груевски и неговото патриотско друштво како седат некаде и си играат мајтап со Катица Јанева. Си викаат - видете ја оваа, нѐ фатила за некои 800.000 евра. Хе , хе, хе... само 800.000 евра. Што се 800.000 евра? Помалку од милион. Кога само за една набавка на опрема за следење успеале да ја...

СИЛВАНА БОНЕВА НАПЛАТИЛА 12.000 ЕВРА ПАТНИ ТРОШОЦИ ОД ДИК

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци земала 12.000 евра за патни трошоци, објави агенцијата Мета повикувајќи се на телевизија „АлсатМ“. Бонева изјавила дека исплатата е според законот. „Сè е исплатено согласно законот“, вели Бонева. ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра. По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е...

ЦЕЛА ДИК НА ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, СЕ СКАРАА КОЈ ДА ОДИ ВО АМЕРИКА

Сите членови на Државната изборна комисија, освен Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ кој имал приватни обврски, биле на тридневен престој во Хрватска да ги следат тамошните избори изминатиот викенд, потврдуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК во ДИК. Дел од членовите на ДИК се спремаат да заминат и во САД за да го следат гласањето на претседателските избори на 8 ноември. “Патувањето за набљудување на избирачкиот...

ОД ДЕНЕСКА ПАК ДЕФИЛЕ ЗА РАСПИТ ВО СЈО

Денеска се очекува да продолжи дефилето на политичари и други личности повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство, што почна пред десетина дена, откако специјалната обвинителка Катица Јанева најави дека дека периодов ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Обвинителство. Од СЈО не откриваат детали за лицата и зошто се викнати, бидејќи се работи за предистражни постапки. СЈО најави...

АД-ХОК ЕЛЕМЕНТ

1 Четири неспоиви елементи го бараат петтиот елемент за да ја спасат демократијата во Македонија. Не е сценарио за научна фантастика. Тоа е некакво многу важно ад-хок тело што треба да го следи известувањето на медиумите во Македонија пред избори. И тие четири елементи со денови  бараат додаток како ад хок петти елемент,  за да може да профункционира демократскиот систем....

НАЈАВАТА ЗА ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА ВО СЈО СЕ РЕАЛИЗИРА, ПОЛИТИЧАРИ СЕ РЕДАТ КАЈ КАТИЦА ЈАНЕВА

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Мендух Тачи и Арифхикмет Џемаили од ДПА и Самка Ибраимовски од ПЦЕР се појавија на распит во СЈО вчера во рок од само два часа, со што почна реализацијата на најавата на специјалната обвинителка Катица Јанева дека периодов ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Обвинителство. За Бонева, која е член на Државната изборна комисија,...

И СИЛВАНА БОНЕВА ДОЈДЕ КАКО СВЕДОК ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ НА РАСПИТ КАЈ ЈАНЕВА

И членот на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева утринава дојде на распит во СЈО. Неколку минути пред неа во СЈО се појави и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Во СЈО не кажуваат во кое својство е викната поранешната пратеничка од Струмица. Се претпоставува дека е викната како сведок за изборни измами, затоа што и лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски самиот објави...

ТАЧИ ОД ДПА И ИБРАИМОВСКИ ОД ПЦЕР ПОТВРДИЈА ДЕКА ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО СЈО

Лидерите на ДПА Мендух Тачи и на ПЦЕР Самка Ибраимовски потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека в понеделник се викнати да дадат исказ во СЈО. Од нивните партии велат дека се повикани како сведоци во предистражна постапка во врска со истрага за дела што произлегоа од аудио снимките од  таканаречените бомби – прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата. Од СЈО за...

И МЕНДУХ ТАЧИ ПОТВРДИ ДЕКА Е ВИКНАТ КАКО СВЕДОК ВО СЈО

Лидерот на ДПА Мендух Тачи в понеделник е викнат да даде исказ во СЈО, потврдија од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Во ДПА ни рекоа дека Тачи е повикан како сведок во предистражна постапка во врска со некаква истрага за дела што произлегоа од аудио снимките од  таканаречените бомби - прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата. На нашето прашање за кој случај...