Тагови Постови тагирани со "совет"

таг: совет

КУМАНОВО ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА МЕРИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

Општина Куманово ќе ангажира лиценцирана лабораторија која ќе изврши дополнително, независно мерење на загадувањето на возухот во градот, за да се утврди фактичката состојба и со тоа да прекине политичката хајка, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски, откако изминатите неколку денови беше мета на напади дека Куманово е најзагаден град во Европа, а локалната самоуправа не презема ништо да го реши...

НИ БАРААТ 8.000 ДЕНAРИ МЕСЕЧНО ЗА ПАРКИНГ, СЕ ЖАЛАТ СТАНАРИТЕ ВО ТЕТОВО

Помина една година од воведувањето на зонското паркирање во Тетово, а граѓаните сѐ уште се со поделени мислења за неговата ефикасност. Повеќето од нив велат дека сега се создаде поголем хаос, посебно во улиците каде не се наплатува паркирањето, бидејќи сега тие се пренатрупани со возила чии сопственици не сакаат да платат паркинг. Посебно хаотична е состојбата на булеварот...

МЕСТО НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ТЕТОВО ЌЕ ГО ПОПРАВИ ПОКРИВОТ НА ШКОЛОТО „ЛИРИЈА“

Советот на Општина Тетово на својата последна седница оваа година донесе одлука во градот да се откаже новогодишната забава за дочекот на Новата година на градскиот плоштад, а за тоа предвидените 600.000 денари да се пренаменат за поправка на покривот на основното училиште „Лирија“, едно од најстарите во градот. “Иницијативата за откажување на новогодишната забава и за пренамена на средствата...

ОПШТИНА БИТОЛА ДА ИЗДВОИ 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОЧЕТОК НА ГАСИФИКАЦИЈАТА, БАРА ОПОЗИЦИЈАТА

Издвојување на 20 милиони денари од буџетот на Општина Битола за 2017 година за да почне постапка за  изградба на гасоводна мрежа во градот, побараа советниците од опозицијата во битолскиот Совет. „Во Битола имаме исклучително висока загаденост. Ако бевте искрени во ветувањата пред избори за гасификација на Битола, време е да се издвојат првите средства. Да не чекаме само пари...

ЗАЕВ НАЈАВИ ЗАМИНУВАЊЕ НА НОВА ФУНКЦИЈА, ЗА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ИМЕНУВА СОВЕТНИКОТ КОСТАДИНОВ

„Ова е моја последна седница на Совет на која ќе присуствувам, бидејки во наредните денови ќе извршувам друга функција“, рече денеска градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев при носењето на Буџетот на Општина Струмица за следната година. Тој најави дека следниве денови за заменик градоначалник ќе го именува советникот Костадин Костадинов. „Во следните денови настапува престанок на...

ОПШТИНА БИТОЛА КРИЕ ДАЛИ НЕКОГО КАЗНИЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ, ДЕНЕС БЛОКАДА КОН РЕК

Општина Битола не одговара дали во изминатиот период поднела опомени или пријави против домаќинства или фирми од градот кои го загадувале воздухот. По пет дена чекање Oпштината да му одговори на нашиот репортер на прашања поставени во писмена форма , тој доби усна информација од Службата за односи со јавност дека нема одговор. Снегот кој падна вчера го намали присуството...

КИНОТО „МАНАКИ“ КАКО ТУРСКА СЕРИЈА – СЕ ГРАДИ ПЕТ ГОДИНИ 

Цел трет мандат на битолскиот градоначалник Владимир Талески му беше малку за да им се оддолжи на браќата Манаки за влогот што го дадоа со својата филмска дејност за Битола. Талески, во свој стил, во повеќе наварати изјавуваше дека обновата на некогашното кино на Манаки битолчани им ја должат на првите сниматели на Балканот. Киното на битолски Широк Сокак, објект...