Тагови Постови тагирани со "студен бран"

таг: студен бран

СТУДОТ ГО ЗАТВОРИ ТЕТОВСКИОТ ПАЗАР

Четврток е пазарен ден во Тетово и место денеска Зелениот пазар да „врие“ од продавачи и купувачи, тој денеска беше речиси празен. Тезгите на кои се продава зеленчук и овошје седат покриени со ќебиња и најлони како единствена заштита од екстремно ниските температури кои во полошкиот регион се спуштија и до 20 степени под нулата. „Пет дена не сум ја...

12 ГОДИНИ СТАРО Е НАЈНОВОТО ВОЗИЛО ВО „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ – БИТОЛА

Најновото возило во битолската подружница на „Македонија пат“ е старо 12 години, а останатите камиони и машини во функција се 25 до 30 години. Директорот Веселинчо Спасевски признава дека најголемиот проблем во расчистувањето на патиштата им ги задаваат дефектите на застарената механизација. „Единствен проблем ни се дефектите заради старата дотраена механизација и секојдневно ги поправаме што би се рекло во...

1.300 ЛУЃЕ ВО КАВАДАРЕЧКО ЧЕТВРТИ ДЕН СЕ БЕЗ ВОДА

Четврти ден сме без вода за пиење, реагираат околу 1.300 жители на селата Возарци, кавадаречко и Трстеник, росоманско. „Полниме по некое шише колку за дома од чешмиче кај станицата кон селото Камен дол“, ни рече Александар Стојанов од Трстеник. Им било кажано оти вода нема поради мрзнење на системот „Лукар" и вода требало да добијат вчера околу 17 часот, но се...

ТРЕТИОТ БЛОК ВО РЕК БИТОЛА ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ, ПОВТОРНО СЕ УВЕЗУВА СТРУЈА

Четврт ден како електро-енергетскиот стожер на Македонија РЕК „Битола“ продолжува да работи со една третина помалку од својот капацитет. Надвор од производство се уште е третиот блок кој поради дефект на цевка во саботата беше ставен вон функција. Од ЕЛЕМ преку писмено соопштение ја информираа јавноста дека забележано е повторно напукнување на цевка, па неопходен е нов зафат поради...

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ ПОРАДИ НОВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

Снег со слаб интензитет утрово паѓа низ цела Македонија и сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, информираат од АМСМ. Повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на кракот Маврово-Дебар. Поради ниски температури наместа е можна...

ПРИЈАВЕТЕ БЕЗДОМНИК ИЛИ ДЕТЕ НА УЛИЦА  НА ТЕЛЕФОНОТ 15505

Ако забележите бездомник или деца на улица, бидејќи се лица под ризик од студениот бран, пријавете на бесплатниот телефонски број 15505. Ваква препорака денес даде Центарот за јавно здравје Скопје, по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија дека ниските температури ќе траат до крајот на неделата. „Ако сте во можност помогнете им на членовите на семејството, соседите или...

ЗАМРЗНА РЕКАТА ДРАГОР ВО БИТОЛА

Екстремно ниските температури замрзнаа делови од реката Драгор во Битола. Денеска Битола беше прв град по најниски измерени температури во земјава, единствено во Маврово беше постудено со минус 21 степени целзиусови. Во Битола утрово беа измерени 20 степени под нулата, а и денеска се очекуваат слични температури. Ниските температури ја замрзнаа и водата од градската чешма. Во голем дел куќи испукаа водоводни...

ПАТНИЦИ ОД БИТОЛА ИЗМРЗНАА НА МИНУС 13 ЧЕКАЈЌИ ГО ВОЗОТ ЗА СКОПЈЕ

Студенти и други патници од Битола попладнево измрзнаа на битолската железничка станица чекајќи да тргне возот за Скопје. Патниците за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека патничкиот воз според возниот ред поаѓал во 18.05 часот, а тргнал дури во 19.40 часот. Поради доцнењето, патниците останале на перон да чекаат час и половина на температура од 13 степени под нулата. „Изѕемнавме чекајќи го возот....

БРЕМЕНИТЕ, ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ И ПОВОЗРАСНИТЕ ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА ПОРАДИ СТУДЕНИОТ БРАН, ПРЕПОРАЧА ЦУК

Државниот советник за здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска кажа дека Министерството и Комисијата за превенција од студени бранови препорачува во следните два дена да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст со цел заштита на нивното здравје, јави агенцијата „Мета“. „Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцент на овие...

БЕЗДОМНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

68-годишен бездомник утринава бил пронајден мртов во скопската населба Аеродром. Починатиот бездомник, кој веројатно е првата жртва на студениот бран, бил пронајден на улицата „Бојмија“, а случајот во полиција го пријавил друг бездомник. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина со обдукција да се утврди причината за смртта. Според Управата за хидрометеоролшки работи, минатата ноќ во...