Тагови Постови тагирани со "Судски совет"

таг: Судски совет

КЕШ АНАЛИЗА

1 Корисниците на Народната кујна во Куманово и Старо Нагоричане останале без дневниот оброк, затоа што кумановскиот Центар за социјални работи не склучил договор со фирмата што готвела храна.  Од таму велат дека стариот договор завршил, а нов не е склучен поради политичката состојба во земјата. Прво се менувале министрите, а сега немало Влада. И немало кој да потпише. Е...

ЈАНЕВА ЌЕ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СУДИЈКАТА МИХАЈЛОВА ШТО ГО СУДИ ГРУЕВСКИ

Специјалната обвинителка Катица Јанева, по прекинот на рочиштето против обвинетиот за насилствата во Општина Центар Никола Груевски и уште 15 обвинети, најави не само кривична пријава против судијката Татјана Михајлова за фалсификат на записникот, туку пријавување во Судскиот совет и покренување постапка за нејзино разрешување. Обвинителката Фатиме Фетаи, која е застапник на обвинението на СЈО против експермиерот Груевски, Миле Јанакиески,...

УПРАВНИОТ СУД ГИ ОДБИ ТУЖБАТА И ВРЕМЕНАТА МЕРКА ЗА СТОПИРАЊЕ НА ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД

Управниот суд ги одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд. Судскиот совет постапката за избор на претседател на највисокиот суд, ја продолжува натаму. Најсериозен кандидат на Советот е в.д.претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, на која при вонредното...

ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА УШТЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ СУД ЗА НЕЈЗИНИТЕ ТУЖБИ ПРОТИВ СУДСКИОТ СОВЕТ

Управниот суд го проби рокот и не донесе одлука во законски утврдените седум дена дали ќе го запре оспорениот избор на претседател на Врховниот суд. Барањето за донесување времена мерка за стопирање на овој оглас што го спроведува Судскиот совет го поднесе поранешната претседателка и кандидат за нов мандат Лидија Неделкова на 20 јануари. Во управниот суд ни рекоа дека...

СУДOT Е ДОБАР, НЕ ЧИНАТ СЈО И НОВИНАРИТЕ, ТВРДИ КАРАЏОВСКИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски смета дека Специјалното јавно обвинителство е инфантилно и политички пристрасно со тоа што објави дека предметите што се паднале кај еден судија, без причина, му биле одземени и дадени на други две судијки, кои потоа ги отфрлија барањата за претрес кај поранешни и сегашни функционери. А новинарите, тој ги нарече сезационалисти. „Во  РМ има...

УПРАВЕН СУД РЕШАВА ЗА ОСПОРЕНИОТ ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД

Тужбата на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова против начинот како е оценета, против вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд и против тоа што Судскиот совет не ѝ ги зел предвид трудовите објавени во странски списанија со меѓународен импакт фактор, е примена во петокот и е веќе распоредена кај управен судија, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателката на...

НЕДЕЛКОВА ГО ТУЖИ СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД УПРАВНИОТ СУД

Поднесена е првата тужба од судија против Судскиот совет - Лидија Неделкова, експретседателката на Врховниот суд и еден од кандидатите за нов мандат, денеска го даде Судскиот совет пред Управниот суд по неколку основи. Неделкова пред Управниот суд ја оспорува законитоста на постапката за избор на претседател на Врховниот суд на Република Македонија. Неделкова ги спори како неуставни огласот во...

СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ЈА ПРИМИ НЕДЕЛКОВА НА СЕДНИЦА, ОЦЕНУВАЊЕТО НА СУДИИТЕ ЗАТВОРЕНО ЗА НОВИНАРИТЕ

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на денешната седница не го ни стави на дневен ред барањето на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова расправата по приговорот за нејзиното бодување да биде јавна. Оттаму, таа не беше ни повикана на денешната седница, а за време на оваа точка по приговорите на незадоволните кандидати за претседатели на Врховниот и на...

ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА БАРА СООЧУВАЊЕ СО СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД НОВИНАРИ 

Експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова најави дека утрово, пред почетокот на седницата на Судскиот совет на која ќе се разгледуваат приговорите од кандидатите за претседатели на судовите кои се незадоволни од вонредното оценување, ќе побара да присуствува лично, но ќе бара и јавност на седницата. Неделкова за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека дека писменото барање до Судскиот совет ќе го поднесе час-два пред...

СИНОТ НА АЛЕКСАНДРА ЗАФИРОВСКА ОД СУДСКИОТ СОВЕТ НАЗНАЧЕН ЗА НОТАР ВО СПОРЕН ОГЛАС

Синот на Александра Зафировска, експретседателка и актуелен член на Судскиот совет Симон Зафировски, добил решение за почеток со работа како нотар. Симон Зафировски е втор на листата со 26 нотари на кои Нотарската комора им ги дала решенијата, а кои на 20 декември се објавени во Службен весник на РМ. Во списоците кои се објавени на веб-страната на Министерството за...