Тагови Постови тагирани со "Светско првенство во фудбал"

таг: Светско првенство во фудбал

ФИФА ГО ПРОШИРИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ОД 32 НА 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Светското првенство во фудбал ќе биде проширено од 32 на 48 репрезентации, реши ФИФА. Во првата фаза ќе има 16 групи со по три тима и во нокаут-фазата ќе продолжат 32 тима, а новиот формат ќе почне да се спроведува од турнирот во 2026 година. ФИФА едногласно ја донесе одлуката за промена на форматот на светските првенства на денешниот состанок во...

БЕЛГИЈА ПОСТИГНА ГОЛ ПО САМО 7 СЕКУНДИ, НАЈБРЗО ВО ИСТОРИЈАТА НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Белгија го постигна најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светското првенство во фудбал откако Кристијан Бентеке го отвори резултатот против Гибралтар по само седум секунди. Претходниот рекорд откако се води прецизна статистика беше во сопственост на Давиде Гвалтиери од Сан Марино, кому му беа потребни осум секунди да постигне гол против Англија во квалификациите во 1993 година. Белгискиот фудбалер...

БУФОН СИ ЗАМИНА ПО ГАЌИ ПО ПОБЕДАТА НА ИТАЛИЈА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Славниот италијански голман Џиџи Буфон прими два гола во Скопје, но на крајот славеше и ги фрли шорцевите кон навивачите откако со голот на Чиро Имобиле во 92. минута, италијанската фудбалска репрезентација победи со 3:2 против Македонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија. Илија Несторовски и Ферхан Хасани за само две минути (57’, 59’) во второто полувреме направија пресврт...

МЕСТО ДА ТРЕНИРААТ, ИТАЛИЈАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ ПРОШЕТАА ВО КОСТУМИ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Директно од скопскиот аеродром, италијанските фудбалери вечерва се појавија на теренот на „Филип Втори“, но место да го одржат вообичаениот тренинг пред утрешниот натпревар (20.45ч.), тие се прошетаа 15-тина минути по тревникот облечени во костуми. Италијанците го откажаа и најавениот затворен тренинг во комплексот на ФФМ во Ново Лисиче. Италија е огромен фаворит на утрешниот дуел против Македонија во квалификациите...

МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ПОРАЗЕНИ ПО ПРИМЕНИОТ ГОЛ НА ДОИГРУВАЊЕТО ВО СКАДАР

Албанија денеска успеа да постигне гол и да ја победи Македонија со 2:1 во преостанатите 15-тина минути од вчерашниот прекинат фудбалски натпревар во Скадар поради невреме. Синоќа, квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија беше прекинат од судијата во 77. минута поради пороен дожд и силен ветер при резултат 1:1. Домашната репрезентација поведе со голот на Садику во 9....

ОД 600 НАВИВАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА, 300 ЌЕ НАВИВААТ ЗА АЛБАНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СКАДАР

Околу 600 навивачи од Македонија се очекува да присуствуваат на фудбалскиот натпревар Албанија-Македонија што се игра вечерва во Скадар на почетокот од квалификациите за Светското првенство во Русија. Половина од нив тргнаа со автобуси од Прилеп, Куманово и Скопје да и дадат поддршка на македонската репрезентација, а другата половина се од „Балисти“, навивачката група на Шкендија, кои утринава тргнаа...

БЕКЕНБАУЕР ПОД ИСТРАГА ЗА КОРУПЦИЈА, ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА ВО АВСТРИЈА

Швајцарското обвинителство отвори кривична истрага за германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и тројца други во врска со германската кандидатура за Светското првенство во 2006 година. Како членови на организацискиот комитет турнирот во Германија, четворицата се осомничени за измама, перење пари, намерно лошо раководење и проневера. Дел од делата за кои се сомничат биле извршени на територија на Швајцарија. Бекенбауер, кој ја...