Тагови Постови тагирани со "воздух"

таг: воздух

КАВАДАРЦИ СЕ ЗАДУШИ, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Повеќе од десет пати над максималната граница за присуство на ПМ 10 честички во воздухот пропишана од Европската унија се измерени вечерва во Кавадарци, еден од најзагадените градови во државата. Реагираат граѓани, реагираат и од Еколошкото друштво „Еко-живот”. „Да се иницира нова стратегија за животна средина за Кавадарци за долгорочно решавање на аерозагадувањето во градот. Моменталните и парцијални интервенции се...

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ШТО ЌЕ НАПРАВИТЕ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ? – ГРАЃАНИТЕ ИМ ОДАТ НА ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Група граѓани веќе трет ден одат на средби со скопските градоначалници за лично да ги прашаат што може општината да стори и што ќе стори против загадувањето на воздухот во Скопје. Средбите, најавени само на Фејсбук,  почнаа завчера со градоначалникот Коце Трајановски, продолжија вчера со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и денес со неговиот колега од Аеродром Ивица Конески,...

ИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО МЕСТО ПАНОРАМСКО ТРКАЛО, ПОБАРА ГРАЃАНСКИОТ ПРОТЕСТ

Воведување систем пар-непар за возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми, како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети за кои има сомнеж дека загадуваат, се дел од 17-те барања што...

ОЏАЧАРИТЕ ГО ЧИСТАТ ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО

Тетово последниве години е еден од градовите со најзагаден воздух, а чадот од оџаците на домаќинствата кои се греат на дрва е меѓу повеќето фактори кои влијаат врз загадувањето. Оџачарите велат дека неисчистениот оџак многу повеќе го загадува воздухот од оџакот кој е чист и редовно се одржува. Грејната сезона е периодот кога оџачарите најчесто интервенираат за пожари од...

ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ СЕ 30 ОТСТО ОД СМРТНИТЕ СЛУЧАИ

Аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови,  покажале анализите на Институтот за јавно здравје, правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Според овие анализи, ако загадувањето на воздухот се намали...

ВО КАВАДАРЦИ НЕ СЕ ДИШЕ ОТИ РАКИЈА СЕ ПЕЧЕ СО ГОРЕЊЕ ГУМА

Во Кавадарци синоќа не се дишеше. Воздухот лути на очите и гуши на грлото, а жителите велат дека почувствувале мирис од чад на гума. Дека ситуацијата со загадувањето во градот е алармантна, покажуваат и  мерењата на воздухот. Вчера во 16 часот, “Мој воздух” измери 88 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, а веќе во 18 часот присуството на...

„МОЈ ТЕРМИН“ – ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

Денеска во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации повикаа на протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. „Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа...

ДЕТЕ ИСПРАТИ ИГРАЧКА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ КАЈ РЕК ВО ПОМЕН НА ТЕТКА ПОЧИНАТА ОД РАК

Покрај белите дробови  денес на протестите за чист водух во Битола беше поставена и играчка автомобил од детенце кое ја изгубило тетка му која била болна од  рак. Организаторите на протестот изјавија дека заедно со загадувањето расте и бројот на битолчани заболени и починати од рак. „Детенцето својата тетка ја изгубило токму од оваа опака болест која надвиснала над Битола....

ОПШТИНА БИТОЛА КРИЕ ДАЛИ НЕКОГО КАЗНИЛА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ, ДЕНЕС БЛОКАДА КОН РЕК

Општина Битола не одговара дали во изминатиот период поднела опомени или пријави против домаќинства или фирми од градот кои го загадувале воздухот. По пет дена чекање Oпштината да му одговори на нашиот репортер на прашања поставени во писмена форма , тој доби усна информација од Службата за односи со јавност дека нема одговор. Снегот кој падна вчера го намали присуството...

ПРИЈАВИ ЗАГАДУВАЧ НА ОВИЕ БРОЕВИ

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА Директор на Државниот инспекторат за животна средина 02/3220-157 02/3066 930 / лок. 133 Дарко Блинков-инспектор 02/3220-112; 3220-198 [email protected] ГРАД СКОПЈЕ тел: 02/3297-231 Тиме Андонов, раководител на одделение за инспекциски надзор над вршењето на работите на другите надлежности на Град Скопје КИСЕЛА ВОДА Одделение за заштита на животната средина тел: 02/2785-451 факс: 02/2770-210 [email protected] Сектор за инспекциски работи тел: 02/2785-449 факс: 02/2770-210 [email protected] АЕРОДРОМ Инспекција за животна средина тел: 02/2401 521 [email protected] Заштита и унапредување на...