Тагови Постови тагирани со "Здравствен дом"

таг: Здравствен дом

ДВАЈЦА ЛОГОПЕДИ НА 200.000 ЖИТЕЛИ, А СЕКОЕ ВТОРО ДЕТЕ ИМА ПРОБЛЕМ СО ГОВОРОТ

32-годишната Даниела С. од Струмица мора да плаќа приватни часови за отстранување на пречките во говорот кај своето дете, оти тешко може да дојде до термин кај логопедите во Здравствен дом во Струмица. Нејзиниот 4-годишен син прозборел пред половина година, но сѐ уште тешко поврзува слогови, а камоли прости реченици.  Биле на преглед, детето  е здраво но кај него...

ВО РИЧ И БЕЛОТИНО СМЕЕШ ДА СЕ РАЗБОЛИШ САМО ВО СРЕДА

Жителите од ридско-планинските населени места Рич и Белотино мора да патуваат и по 25 километри до Струмица за да отидат на лекар. Во овие две села, како и во соседните Попчево и Раборци кои се нешто поблиску до градот, нема амбуланта за примарна здравствена заштита, па жителите или ќе мора да патуваат до Струмица или да чекаат да дојде...

КАВАДАРЧАНИ НАЈМНОГУ УМИРААТ ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ

Кавадарчани најмногу умираат во ноември и декември, во овој период од годината вообичаено е зголемена смртноста, особено  кај постари лица. Ова го покажува статистиката на Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Кавадарци. „Статистички гледано, поради наглите временски и температурни  промени  и постуденото време, вообичаено секој ноември имаме дваесет до триесет процентно зголемена смртност, споредено со другите месеци...

ПСИХИЧКИ БОЛНИ ПАТУВААТ 100 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ ЛЕЧАТ, ОТИ НЕМА ПСИХИЈАТАР

Пациенти со психички нарушувања од Крива Паланка, Кратово и Ранковце, патуваат од 50 до 100 километри за да сигнат на преглед кај специјалист, бидејќи Здравствениот дом со болничко одделение во Крива Паланка, повеќе од 8 месеци нема психијатар. Во градот нема ниту приватна амбуланта, па пациентите со  психички заболувања стручна помош бараат во Куманово и Скопје. Проблемот со немање соодветна...