КОЦЕ И СОКОЛ СЕ НАТЕГААТ ЗА ТОАЛЕТ, А СОПСТВЕНИЧКАТА СЕ КАПЕ ПО КОМШИИ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:11:"td_subtitle";s:586:"НародниотправобранителвелидекаќебаразаконскиможностикакодасесопреизвршувањетонарешениетозауривањенановатабањанаЕлицаОбрадовиќодЃорчеПетров,изграденонадржавноземјиштесоветувањенаградоначалникотКоцеТрајановски,откакотаасесогласилавластадаѝјаурнестаратазадасепробиебулевар";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КОЦЕ И СОКОЛ СЕ НАТЕГААТ ЗА ТОАЛЕТ, А СОПСТВЕНИЧКАТА СЕ КАПЕ ПО КОМШИИ

Народниот правобранител на 25 јули годинава повел постапка по претставка на Елица Обрадовиќ, жителка на улицата Арсениј Јовков во скопската населба Ѓорче Петров, бидејќи поради изградба на булеварот Борис Сарафов, дозволила да ѝ биде урната бањата, но усниот договор со локалните и градските власти дека ќе и изградат нова, пропаднал. Изиграна, таа, синот, снаата и 7-месечното бебе, останале цело лето на температури над 40 степени да немаат каде да се искапат. Освен тоа, тие се молеле кај соседите буквално за секоја физиолошка потреба на секој од нив тројцата.

Семејството е влезено во бирократските лавиринти помеѓу градот Скопје кој го изградил булеварот и општина Ѓорче Петров, на чија територија е градбата, но ниту градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, ниту градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски не можат да најдат излез од оваа имотно-правна мешаница.

Цело лето семејството Обрадовиќ, чиј дом се состои од само една соба од 4 на 4 метри, го преживува пеколот. Од нечистотијата бебето фатило инфекција уште летото, па при посетата на САКАМДАКАЖАМ.МК на куќата-соба на ова семејство, беше забележливо дека тоа се уште има инфекција на очите.

Ова семејство почнало да гради нова бања, како лепенка на куќата-соба, но градежната инспекција ја стопирала градбата. На Елица ѝ е кажано дека деновиве ќе ѝ ја урнат бидејќи е дивоградба, па семејството, иако нема добиено документ за уривање, секој ден во стрес е во исчекување на звукот на машините.

bulevar-kulatilo4

За изградба на булеварот Борис Сарафов, Обрадовиќ дозволила да ѝ биде урната бањата, но усниот договор со локалните и градските власти дека ќе и изградат нова, пропаднал.

Куќичката се води на улицата Арсениј Јовков, но одвоената бања со тоалет на Обрадовиќ и уште неколку други објекти на тоа место, со години биле пречка да се доизгради булеварот. Пролетта, локалните и градските власти се договориле со жителите со таквите објекти, тие дале согласност, по што нивните објекти биле урнати, а булеварот пробиен, изграден и за кусо време пуштен во употреба.

“Имав тоалет и бања која се наоѓаше на новоизградената улица Борис Сарафов. Со пробивањето на улицата, ми ја срушија бањата без надомест, но со устен договор да ми се направи нова на државно земјиште, кое ќе биде лепенка со мојата соба. Градоначалникот Коце Трајановски и екипата на ’Улици и патишта’ веднаш донесоа материјал и почнаа да градат. Немам лош збор за нив и навистина од срце сум им благодарна. Но, соседот зад мене ги пријави, бидејќи бањата ќе му пречела, по што градежната инспекција дојде веднаш. Бидејќи е на државно земјиште, инспекцијата од Општина Ѓорче Петров ургентно ја запре градбата. Неколку пати доаѓаа, укажуваа дека е донесено решение за уривање. Работниците од ’Улици и патишта’ ја запреа градбата и пред да го покријат тоалетот, ги  собраа опремата и материјалите и си заминаа“, вели Обрадовиќ.

Додека разговаравме, дојдоа соседите кои на Елица и семејството им дозволуваат да ги користат нивните бањи.

“Еве, уверете се сами. Сликајте, како може овој тоалет со бања да му пречи на соседот, кој наводно тука имал намера да отвори влезна врата, кога освен ѕид од двокатнава куќа нема ништо. Не ставил прозорец, а камо ли врата да става. Не знаеме зошто човеков ѝ прави проблеми на сосетката и зошто постојано ја пријавува во општинската градежна инспекција“, револтирани се соседите на Елица.

„И покрај тоа што секојдневно ми доаѓаше и уште доаѓа градежната инспекција, јас не можев повеќе да издржам и решив да го покријам ветениот тоалет, за да имаме каде да се полиеме со вода и да вршиме нужда“, вели Елица.

“Соседите ми помогнаа, едните табли ми дадоа, другите плочки. Но, пак не смеев да го користам од страв. Но не можевме да издржиме. Не биваше веќе да се бањаме и да вршиме нужда кај комшиите. Вакво какво што е, недоизградено, никакво, ние мораме да го користиме. Ако дојдат да го урнат, нека дојдат, немоќна сум да сторам нешто. Иако јас сум даночен обврзник, плаќам комуналии и смет, ние, како што гледам, ќе останеме без ветената бања. Ќе вршиме нужда ние четворица во соодветни садови и ќе го истураме во кантиве за ѓубре. Друго чаре немаме“, зборуваше Елица пред насобраните соседи кои ѝ даваа поддршка.

bulevar-kulatilo2

Соседите на Елица и семејството им дозволуваат да ги користат нивните бањи.

Собата – куќа, иако е изградена на државно земјиште, како и останатите објекти во квартот, Обрадовиќ со законот за легализација на бесправно изградени објекти, успеала да ја легализира и таа има документи за тоа. Но, земјиштето околу објектите таму останува државно и нема дозвола за градба, дури ни за лепенка од метар на метар како што е бањата која „Улици и патишта“ почнале да ја градат на ова семејство, како надомест за старото, врз кое се изгради булеварот.

ОД ГРАД СКОПЈЕ ТВРДАТ ДЕКА ДОГОВОР НЕ ПОСТОИ

Но, иако Обрадовиќ го фали градоначалникот Коце Трајановски дека ветил ново купатило и го одржал зборот, но бил спречен да го догради од локалната градежна инспекција, од Град Скопје тврдат дека таков договор воопшто не постои. На барање на Народниот правобранител, од скопскиот градоначалник стигнало вакво објаснување:

“Објектот, односно тоалетот кој што се споменува во претставката, претставуваше составен дел на објектот што беше експроприран од поранешниот сопственик Ацо Михајловски од Скопје, за што беше склучена Спогодба во Министерството за финансии, Управа за имотно-правни односи, Одделение за првостепена управна постапка Карпош – Скопје. Поради тоа, напоменуваме дека подносителот на претставката воопшто не беше странка во постапката за решавање на имотно-правните односи, заради изградба на наведената улица“, се вели во одговорот на Град Скопје до Народниот правобранител.

ОД ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВЕЛАТ ДЕКА МОРА ДА УРИВААТ

bulevar-kupatilo1

На Елица усно ѝ е кажано дека „Улици и патишта“ се задолжени да ѝ го урнат тоалетот, бидејќи тие по налог на градоначалникот Коце Трајановски и го изградиле.

Надлежниот градежен инспектор во Општина Ѓорче Петров Златко Бојаџиев вели дека лепенката е изградена на државно земјиште и за неа има издадено решение за уривање.

„Така и ќе биде, затоа што не смеете да не уривате ако има решение за уривање. Ако не постапиме по законот, се плаќаат казни, предвидена е и одговорност. Уривањето може да се запре само со издавање на одобрение за градба, а тоа е невозможно, бидејќи станува збор за дивоградба на државно земјиште“, вели Бојаџиев.

Тој вели дека досега бањата ќе била урната, само не е завршен тендерот за избор на фирма за уривање.

На 30 септември Обрадовиќ била кај Народниот правобранител. Државниот советник Зоран Билбиловски вели дека таа нема добиено налог за уривање, освен што нејзе усно тоа ѝ го кажал инспекторот од Ѓорче Петров. Нејзе усно ѝ е кажано дека „Улици и патишта“ се задолжени да ѝ го урнат тоалетот, бидејќи тие по налог на градоначалникот Коце Трајановски и го изградиле.

Народниот правобранител ќе се обрати до надлежните во Општина Ѓорче Петров за да го добие решението за уривање, за првин да види кон кого е издаден налог за уривање на бањата, за да се види и кој ја изманипулирал Обрадовиќ дека ако дозволи да ѝ се урне тоалетот, ќе може државна или институција од локалната самоуправа да ѝ гради нов објект нелегално, на државно земјиште.

Потоа, Народниот правобранител вели дека ќе бара законски можности како да се сопре извршувањето на решението за уривање, за да не остане ова семејство со бебе без бања и веце.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира