ДЕВЕТ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА СО ИСКЛУЧЕНА СТРУЈА, А ИЗВРШИТЕЛИ НАПЛАЌААТ И ПО 200.000 ЕВРА ДОЛГОВИ

    ДЕВЕТ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА СО ИСКЛУЧЕНА СТРУЈА, А ИЗВРШИТЕЛИ НАПЛАЌААТ И ПО 200.000 ЕВРА ДОЛГОВИОд Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 иако уште не била сменета локалната власт (Фото: СДК.МК)

    На десет дена пред почетокот на учената година битолските училишта должат над 6,5 милиони денари над 100.000 евра)  за неплатена струја, а од 18 училишта на девет со блокирана сметка електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Од Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 иако уште не била сменета локалната власт.

    Сметките на училиштата се блокирани од извршни решенија по основ на разни долгови, а еден извршител наплатил 100.000 евра за вкупните извршувања едно од училиштата, а други извршители за други извршувања 200.000 евра.

    Од Општината рекоа дека интензивно работатда се најде начин за излез на училиштата од мракот пред почетокот на школската година. Парите не се проблем бидејќи и блок-дотациите за годинава се зголемени, но се соочиле со законски ограничувања.

    „Училиштата се со блокирани сметки, а имаат извршни решенија и тие не може да плаќаат, а не може ни Општината по пат на цесии да ги плаќа нивните доверители зашто тоа е незакионски, за да не се доведе некој доверител во повластена позиција во однос на друг. И тоа е кривично дело. Средното училиште ‘Таки Даскало’ успеа да ја плати струјата зашто настана вакум простор, односно беше одблокирано на неколку часа. Се преземаат начини за решавање на проблемот во уште едно улилиште, ако тоа успее ќе се обратиме до ЕВН да се преземе постапката и за другите училишта“, рекоа од Општина Битола.

    За состојбата е известена Владата и министерствата, па формирана е и работна група предводена од премиерот за наоѓање решение. Од Општината се надеваат дека ќе се среди до први септември за да нема одржување на настава со скратени часови.

    Најдрастични примери за долгови се Медицинско училиште со 35 милиони денари, „Крсте Петков Мисирков“ со 39 милиони денари, „Елпида Караманди“ 21 милион, „Гоце Делчев“ 19 милиони, „Климент Охридски“ 20 милиони денари и други. Вкупниот долг на училиштата е 4,6 милиони евра, а како што велат од Општина тековните трошоци не биле сервисирани редовно и се работело недомаќински, па долговите се напластиле. Додадоа дека испаднало како во познатата изрека во економијата: „Ниеден ручек не е бесплатен, но разлино е кој го порачува, а кој го плаќа“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира