НЕ ГЛЕДАМ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА УНЕСКО ЗА ОХРИД, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР 

    НЕ ГЛЕДАМ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРЕПОРАКИТЕ НА УНЕСКО ЗА ОХРИД, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР Евроамбасадорот Самуел Жбогар во Општина Дебарца беше на пуштањето на реконструиранта брана на Слатинско Езеро, кое пред неколку години поради нејзиното пукање се исуши (Фото: СДК.МК)

    Поминаа две недели од препораките на УНЕСКО во врска со Охридскиот Регион и јас не гледам резултати од тоа, кажа денес евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Општина Дебарца. Тој додаде дека треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат. Жбогар во Дебрца беше на пуштањето на  реконструиранта брана на Слатинско Езеро, кое пред неколку години поради нејзиното пукање се исуши.

    Рушење на дивоградбите е една од 19-те препораки на УНЕСКО за да не биде ставен регионот на листата на загрозено светско наследство.

    „Со проблемите е најдобро да се соочите сами, со сопствени сили. До 1 февруари кога истекува рокот, беа дадени на располагање 30 седмици. Од 4 јули кога УНЕСКО го одреди рокот за исполнување на препораките веќе изминаа две седмици, а не гледеме некаков резултат”, кажа Жбогар.

    Жбогар изјави дека вчера имал средби со претставници на невладини организации за заштита на животната средина и еколошки здруженија, на која му била пренесена нивната загриженост за состојбите.

    „Сега е моментот сите институции заеднички да сработат, од општините, преку Собранието сè до Владата, во изнаоѓање начини за справување со проблемот. Потребна и нова енергија, нова инцијатива“, рече Жбогар.

    Евроамбасадорт рече дека ЕУ ќе помогне Белчишкото Блато да добие третман на заштитена природна реткост и во враќањето на реката Сатеска во старото корито.

    Општина Охрид минатиот месец излезе со податок дека изброиле 1.076 нелегални градби, од кои 409 се во заштитеното подрачје. Неколку дена подоцна охридскиот градоначалник Константин Георгиевски рече дека УНЕСКО не бара да се урнат сите нелегални градби, туку да направи евалуција како влијаат на заштитеното подрачје и дека според него ќе треба да се урнат десетина објекти. Тој тогаш рече дека Општината не може сама да се справи и побара помош од државата. Претходно, Општината ги отстрани  неавтохтоните палми и билборди од центарот на градот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира