ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ГО ВРАЌА НЕКОГАШНОТО КОРЗО

    ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ГО ВРАЌА НЕКОГАШНОТО КОРЗОВо моментов се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од тротоарите а истовремено ќе се постави и подземна инсталација. (Фото: Општина Ѓорче Петров)

    Општина Ѓорче Петров почна со градежни работи за изведба на шеталиште во паркот односно враќање на некогашното корзо.

    Во моментов се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од тротоарите а истовремено ќе се постави и подземна инсталација и ќе се нивелира земјиштето по што ќе следи подготовка за втората фаза за уредување на просторот.

    „Сакаме да ги вратиме сеќавањата на некогашното корзо и овој дел од општината да стане место за дружење на граѓаните. Ќе се постави комплетно нов плочник, клупи, корпи за отпадоци, нови дрвореди, ќе се изведе амфитеатар и детско игралиште. Предвидено и да има и кафулиња со што овој дел ќе добие комплетно нов лик“, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.

    За правата фаза од општинскиот буџет се издвоени околу 6 милиони денари. Комплетно проектот треба да биде готов кон почетокот на наредната година.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира