ЗАПОЧНА ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО НАСЕЛБАТА БАИР ВО БИТОЛА, КАДЕ ГЛАВНО ЖИВЕЕ РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ

    ЗАПОЧНА ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО НАСЕЛБАТА БАИР ВО БИТОЛА, КАДЕ ГЛАВНО ЖИВЕЕ РОМСКО НАСЕЛЕНИЕВакцинацијата се врши во мобилниот пункт во месна заедница „Димитар Влахов” (Фото: СДК.МК)

    Населбата Баир, каде што главно живее ромско население, стана дел од листата населени места ви Битолско каде што се врши теренска вакцинација против ковид-19. Таа се одвива во мобилниот пункт во месна заедница „Димитар Влахов”, кој ќе биде отворен за сите жители на населбата од среда до петок од 16 до 19 часот. Вакцинацијата се врши без закажани термини, а уште првиот ден се вакцинираа 36 жители.

    Теренската имунизација се реализира во соработка со здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, во рамките на проектот „Баир – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите”, финансиран од Европска Унија.

    Ова е првата активност на едношалтерската сервис услуга, преку која еден ден во неделата во следните две и пол години во месната заедница ќе присуствуваат вработени во јавните претпријатија, Меѓуопштински центар за социјална работа, Центар за јавно здравје и општински советници за образование. Жителите на Баир ќе може да ги кажат своите проблеми, а вработените да преземат брзи мерки и адекватни решенија.

    „Една од клучните активности е урбана надградба и регенерација, што вклучува промена на постоечкиот ГУП на Град Битола и ДУП за Баир, како и реконструкција на улиците Струшка и Сутјеска, со цел значително подобрување на условите за живеење на ромското население“, рече Климентина Ѓорѓиевска, проект менаџер.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира