ПОЧИНА ИВАН КАРАДАК, МАЈСТОРОТ НА САТИРАТА ВО „ХИХИРИКУ“

    ПОЧИНА ИВАН КАРАДАК, МАЈСТОРОТ НА САТИРАТА ВО „ХИХИРИКУ“Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела, се до март годинава, цели 40 години одеше на првата програма на Mакедонското радио, во 11 часот.

    Креаторот на најстарата и уникатна сатирична емисија, своевиден бренд на Македонското радио, „Хихирику“, Иван Карадак почина вчера во Скопје.

    Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата Хихирику што секоја недела, цели 40 години одеше на првата програма на Македонското радио, во 11 часот.

    Емисијата престана да се емитува во март годинава, иако обиди поради немање пари да се затвори емисијата имаше и во 2014 година, но по реакции во јавноста, МРТ успеа да ја спаси.

    Карадак тогаш рече: „Претерано понижувачки е сето ова. Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече, ’ако сакате монтирајте, ама и не морате. Од Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“.

    Големиот мајстор на сатирата велеше дека таа е коректор на власта, па која и да е и дека е здрава за секое општество: „И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“.

    Карадак беше автор на театарските претстави: Угоре високо – Удолу длабокоХумористична партија, адаптацијата на текстот Како да ја убиеш сопругата и зошто, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма Мајче и многу други.

    Беше автор и на неколку книги: афоризмите Коприварник, сатиричните песни Талкач по душата, сатиричните песни Записи врз водата, куси сценарија Лајач на месечина и најновата книга афоризми Мисли со Боцки. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената Цвеќе на карпата, познатите КамчевциАлф од Ново ЛисичеАло АлоАгенција осамени срцаБалканбенд .

    Добитник е на повеќе награди, меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“.

    Погребот е денеска (понеделник) во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира