ПЕЈАЧОТ НА „ПРОДИЏИ“ КИТ ФЛИНТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА 49 ГОДИНИ

    ПЕЈАЧОТ НА „ПРОДИЏИ“ КИТ ФЛИНТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА 49 ГОДИНИКит Флинт го основал „Продиџи“ во 1990 година и групата потоа оствари огромно влијание врз електронската музичка сцена (Фото: Редфернс)

    Кит Флинт, основачот и пејач на „Продиџи“, е пронајден мртов во својот дом во Есекс на 49 години, потврди полицијата.

    „Полицијата реагираше на дојава и тој беше прогласен за мртов на самото место. Неговата смрт не се третира како сомнителна“, кажа портпаролот на полицијата.

    Лијам Хаулет од „Продиџи“ објави на Инстаграм дека Флинт се самоубил викендов.

    Флинт го основал „Продиџи“ во 1990 година заедно со Хаулет и во почеток беше само танчар во групата, за потоа да биде вокал на некои од нејзините најголеми хитови. Со своите панкерска фризура и налудничав поглед, Флинт стана една од најпрепознатливите фигури во музиката во 1990-ите години. Тој сними седум албуми со „Продиџи“, која оствари огромно влијание врз електронската и денс сцена.

    На врвот на својата популарност, „Продиџи“ гостуваше во Скопје во 1995 година, на легендарниот Т-фестивал, а пред неколку години концерт имаше и во Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира