СРБИЈА ЕДИНСТВЕН ФИНАЛИСТ НА ЕВРОВИЗИЈА ОД БИВШИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЗЕМЈИ

    СРБИЈА ЕДИНСТВЕН ФИНАЛИСТ НА ЕВРОВИЗИЈА ОД БИВШИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЗЕМЈИСрпското трио „Харикејн“ ќе биде единствен финалист од земјите од бившите југословенски простори откако Словенија, Хрватска и Македонија испаднаа од конкуренција во првото полуфинале. (Фото: ЕБУ)

    (Специјално од Ротердам: Игор ТРАЈКОВСКИ)

    Второто евровизиско полуфинале синоќа ја комплетира листата на учесници за саботното финале  во  Ротердам. Србија со женското трио „Харикејн“ ќе биде единствен финалист од земјите од бившите југословенски простори откако Словенија, Хрватска и Македонија испаднаа од конкуренција во првото полуфинале. Од 2004, кога за првпат е воведено евровизиското полуфинале, единствено на Евровизијата 2013 во Малме се случи да ниедна земја од бивша Југославија не се избори за место во финалето.

    Десетте преостанати места за финалето ги добија Сан Марино, Грција, Молдавија, Исланд, Србија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска и Швајцарија, а од финалето се простија Естонија, Чешка, Австрија, Полска, Грузија, Латвија и Данска.

    На финалната вечер в сабота ќе настапат вкупно 26 пејачи, од кои за првпат ќе ги чуеме претставниците на директните финалисти Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција, Германија и Холандија. Од нив, Италија и Франција се сметаат за големи фаворити за победа, а останатите за тотални аутсајдери. Се предвидува дека во трката за трофејот ќе се приклучат и Малта и Швајцарија.

    Годинашното 65. издание на Евровизија се одржува во комплексот „Ахој“ во Ротердам, Холандија од 18-22 мај.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира