30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ЖЕНАТА ВО ВЕЛГОШТИ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ЖЕНАТА ВО ВЕЛГОШТИОсомничениот И.К. вчера беше пронајден во куќа во Струга и приведен од полицијата, а денеска му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена (Фото: СДК.МК)

    Мерка притвор во траење од 30 дена му е изречена на осомничениот И. К. (62) за убиството на 42- годишната жена Б. П. од охридското село Велгошти, која во петокот беше убиена во нејзината куќа. Осомничениот И. К. вчера беше пронајден во куќа во Струга и приведен од полицијата.

    „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело убиство, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И. К. (62) кој живее во Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29.08 до 31.08. 2018 година во куќа на улицата Илинденска во охридското село Велгошти“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Полицијата засега не дава информации за начинот на кој е извршено убиството. Неофицијално низ Охрид се зборува дека жената била убиена на многу свиреп начин, непознат во аналите на криминалните случувања во градот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира