АМЕРИКАНСКИОТ СЕКРЕТАР ЗА ОДБРАНА ЏЕЈМС МАТИС ВИКЕНДОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА НАТО

    АМЕРИКАНСКИОТ СЕКРЕТАР ЗА ОДБРАНА ЏЕЈМС МАТИС ВИКЕНДОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА НАТО„Тој вид пакост што Русија го практикува од Естонија до САД, од Украина до Македонија отсекогаш бил неприфатлив, што се однесува до мене. Сакам да осигурам дека тие треба да знаат оти ние веруваме дека нашите македонски пријатели треба самите да си ја креираат својата иднина, а не некој однадвор“, рече Матис (Фото: АП)

    Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека викендов ќе дојде во Македонија за „многу јасно“ да ги истакне американските ставови против руска агресија, додека земјата размислува за прифаќање на поканата за влез во НАТО, објави порталот „Хил“ од Вшингтон.

    „Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели на многу кусо патување до таму и назад. Јасно ќе дадам до знаење дека сме со македонскиот народ“, рече Матис вчера во Пентагон.

    Македонија во јули доби официјална покана за почеток на преговорите за влез во НАТО, на што се противи Русија. Власта во Москва рече дека земјата ќе стане „легитимна цел“ ако односите меѓу НАТО и Русија се влошат.

    Матис кажа дека сака да „осигура дека тие треба да знаат оти ние веруваме дека нашите македонски пријатели треба самите да си ја креираат својата иднина, а не некој однадвор“.

    Тој рече дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во Македонија исто како во Црна Гора пред влезот во НАТО лани. Црна Гора ја обвини Русија дека се обидува да го спречи влезот на земјата во НАТО и за обид за атентат врз премиерот.

    „Тој вид пакост што Русија го практикува од Естонија до САД, од Украина до Македонија отсекогаш бил  неприфатлив, што се однесува до мене“, рече Матис.

    Шефот на Пентагон во јули се сретна со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска на состанокот на балканските министри во Хрватска, неколку дена пред средбата Трамп-Путин во Хелсинки.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари