ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ВО „ТОРТУРА“, МИСЛЕЊЕТО НА ВРХОВНИОТ СУД НЕ Е ОБВРЗУВАЧКО ЗА КРИВИЧНИОТ СУД

    ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ВО „ТОРТУРА“, МИСЛЕЊЕТО НА ВРХОВНИОТ СУД НЕ Е ОБВРЗУВАЧКО ЗА КРИВИЧНИОТ СУДВо „Тортура“, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите се обвинети за нечовечно постапување и омаловажување при апсењето на Љубе Бошкоски. - Сашо Мијалков пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Судијката Александра Ристевска го одби барањето на обвинетиот Сашо Мијалков да донесе одбивателна пресуда за случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски, по негова наредба.

    „Мислењето на Врховниот суд уште не е обврзувачко за Основниот суд Скопје 1. Приговорот и вашите аргументи со кои денеска ја оспоривте надлежноста на Специјалното јавно обвинителство, сте требале да ги истакнете за време на оценката на обвинителниот акт. Сега сме во доказна постапка, судењето продолжува со сослушување на сведоци“, рече судијката Ристевска.

    Прв сведок денеска беше Далибор Трајковски, инспектор во единицата алфи на МВР. Тој рече дека на 6.06.2013 година командантот, обвинетиот Ивица Анчевски – Пуки, му се јавил да подготви два тима и му кажал дека ќе се апсат опасни вооружени лица.

    Подоцна кога се сретнале кај Министерството за економија, Анчевски му кажал дека всушност во „Воденица“ ќе се апси Љубе Бошковски.

    „Отидовме пред ‘Воденица’. Анчевски нареди да се апси Љубе и другите лица во легната положба. Кога почна Бошковски да збори: ‘Сашо ме намести, луѓе што правите!’, и кога го видов колегата Новица Станковски со пиштол во рака, ја дадов наредбата Новица да го стави во футрола да не направи некоја беља. Наредив да се чуваат предметите, парите и да престанат со нафрлање зборови и карање“, сведочеше Трајковски.

    На прашање на обвинителот Љубомир Лапе, тој кажа дека дел обвинетите колеги алфи при апсењето му зборуваат: „Е па многу збориш, многу лаеш!“. Потоа: „Предавник“, „Многу лажеш“.

    „Немаше активен отпор за да се легнуваат луѓето долу. Но, така нареди командантот Анчевски. Колегите беа агресивни, бидејќи имаше информација за поседување огнено оружје. Но, лицата што ги апсевме: Љубе Бошкоски и неговиот возач немаа во себе огнено оружје. Потоа најдовме пиштол во гепекот на ’ланчиата‘ на Љубе,“, одговараше сведокот.

    Потоа во судницата ги препозна сите обвинети алфи во овој случај. Видов колеги во цивилка го снимаа настанот на видео камера.

    „За саат време го однесовме во полициска станица. Не знам дали е вообичаено толку да се држи уапсено лице на јавен простор, ги слушавме наредбите од командантот Анчевски. Тој ни кажа треба да дојдат од крим-техника, новинари итн“, сведочеше Трајковски.

    Дента пак го видел Љубе. Бил со специјалци од ЕБР. Љубе во сведочењето тврдеше дека од полициска станица го враќале назад на местото, за да го до снимаат новинарите кои не го снимиле на оригиналното апсење.

    Сведочењето трае.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира