ЦИМЕРИ НА ЧАВКОВ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ОД ВЧЕРА МУ СЕ ЧЕНТО И ЃОШЕВСКИ, ОСУДЕНИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017

    ЦИМЕРИ НА ЧАВКОВ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ОД ВЧЕРА МУ СЕ ЧЕНТО И ЃОШЕВСКИ, ОСУДЕНИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017Јане Ченто и Горан Ѓошевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, се осудени на 15 години затвор за организираниот напад на Собранието, а Митко Чавков е осуден на 18 години, сите се во притвор додека трае жалбената постапка на казната и од затворот во Шутка се префрлени во Штип; - Јане Ченто на судењето (Фото: СДК.МК)

    На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ)  Митко Чавков, кој неодамна од Шутка е префрлен во штипскиот затвор како осуден за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, викендов му се придружиле и Јане Ченто и Горан Ѓошевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски. Двајцата од Кривичниот суд во Скопје се осудени на 15 години затвор за вмешаност во нападот на Собранието, а Чавков е осуден на 18 години како директно вмешан во нападот. Сите се во притвор додека трае жалбената постапка на казната.

    Затворските власти во Штип го потврдуваат преминот на осудениците, а наредните денови ним ќе им се приклучат и неколку други осудени лица за истотото кривично дело кои се во Шутка.

    Престојот во затворот во Штип е од притворски карактер затоа што осудените се во жалбена постапка, но Законот им овозможува по сопствена желба да го прекинат притворот и да се распределат во некој од затворите во државата. Но, сите 16 осудени на 12 до 18 години затвор за 27 април, покрај жалбите што ги поднеле најавиле дека немаат намера за преминување во затвор.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира