18-ГОДИШНО И 23-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ 41 ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 539 ПОЗИТИВНИ

    18-ГОДИШНО И 23-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ 41 ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 539 ПОЗИТИВНИОд пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. (Фото: СДК.МК)

    Осумнаесетгодишно и 23-годишно лице од Скопје се меѓу 41 починат пациент од ковид-19 во изминативе 24 часа. Од направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на ковид-19, а оздравени се 245 пациенти. Ова е највисоката бројка починати во четвриот бран досега, откако на на 27 август имаше 36 починати.

    Од пријавените 41 починат 23 лица се од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г). Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

    Новите случаи според градови се во :

    • Скопје – 274
    • Куманово – 52
    • Кавадарци – 25
    • Велес – 17
    • Прилеп – 15
    • Битола и Штип –по 14
    • Кочани – 13
    • Тетово – 12
    • Охрид – 11
    • Гостивар – 8
    • Струмица, Кичево и Радовиш – 7
    • Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6
    • Неготино – 5
    • Гевгелија и Демир Хисар – по 4
    • Делечево, Виница и Кратово – по 3
    • Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2
    • Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1

    Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира