АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ЈА ПУШТИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    АПЕЛАЦИЈА ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ЈА ПУШТИ ВО КУЌЕН ПРИТВОРОд Апелациониот суд велат дека со оглед на приложената лекарската документација и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева. - Катица Јанева пред распитот во Обвинителството за организиран криминал на 20 август (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје попладнево ја прифати жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и мерката притвор ѝ ја замени со мерка куќен притвор.

    „Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост“, потврдија од Апелациониот суд за државната агенција МИА.

    Јанева беше притворена во затворот во Шутка од 21 август, кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. Од осомничените, сега веќе обвинети во „Рекет“, во притвор во Шутка остана првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13. Обвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше пуштен од Шутка во куќен притвор на 24 септември.

    Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука да ја преиначат одлуката на Кривичниот суд за притворот на Јанева.

    „Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага“, изјави Русковска за МИА.

    Судењето за „Рекет“ треба да почне во Кривичниот суд на 3 декември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира