ЧЕТВРТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ ВЕЧЕРВА НА КАРДИОХИРУРГИЈА, ДАРИТЕЛ Е 44-ГОДИШНА ЖЕНА

    ЧЕТВРТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ ВЕЧЕРВА НА КАРДИОХИРУРГИЈА, ДАРИТЕЛ Е 44-ГОДИШНА ЖЕНАД-р Маја Мојсова-Мијовска (во средина) и министерот Филипче со дел од тимот кои ќе работат на трансплантацијата. (Фото: Фејсбук профил на Филипче)

    На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје во тек се подготовки за четвртата трансплантација на срце во земјава, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

    Д-р Маја Мојсовска – Мијовска, национална координаторка за трансплантација ни рече дека дарителка е 44-годишна жена чие семејство се согласило да се трансплантираат нејзиното срце, бубрезите и дел од коскеното ткиво.

    „Драго ми е дека ја подигнуваме свеста на граѓанките и граѓаните за донирање органи. При секоја трансплантација, одново и одново секогаш им се восхитувам на хуманоста на семејствата што во најтешките моменти, кога го губат најмилото успеваат да најдат храброст да се согласат да донираат органи и да продолжет нечиј туѓ живот. Се радувам дека луѓето сè повеќе го сфаќаат концептот на трансплантација од починат донор“, вели д-р Мојсова-Мијовска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Првата трансплантација на срце од починат донор во земјава беше направена лани на 23 мај, а годинава се извршија уште две трансплантации. Во сите четири случаи, дарителките се жени.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира