ДА ГО ИЗМЕНЕШЕ ЈАНКУЛОСКА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ДОДЕКА ВО НЕЈЗИНО ВРЕМЕ СЕ ПРИТВОРАА И СУДЕА БРЕМЕНИ ЖЕНИ, ЈАС ЌЕ ГО ПОЧИТУВАВ ТОА ВО „ТЕНК“, ОДГОВОРИ КАЦАРСКА НА БАРАЊЕТО ЗА НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕ

    ДА ГО ИЗМЕНЕШЕ ЈАНКУЛОСКА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ДОДЕКА ВО НЕЈЗИНО ВРЕМЕ СЕ ПРИТВОРАА И СУДЕА БРЕМЕНИ ЖЕНИ, ЈАС ЌЕ ГО ПОЧИТУВАВ ТОА ВО „ТЕНК“, ОДГОВОРИ КАЦАРСКА НА БАРАЊЕТО ЗА НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕСудијката Добрила Кацарска пред комисија на Судскиот совет кажа дека никаде во Законот за кривична постапка (ЗКП), ниту во која било конвенција, не пишува дека на бремени жени и мајки не смее да им се суди и потсети дека по породувањето на Јанкулоска таа 60 дена не закажа рочиште, а кога дојде и кажа таа да одреди кога ќе биде паузата за детето, давајќи и по 2 часа за мајчинството. (Фото: К. Попов)

    „Не сум теоретичар, судија сум 33 години и ќе зборувам само со факти“, рече судијката Добрила Кацарска на денешното сослушување пред тројца членови на Судскиот совет, во врска со иницијативата за нејзино разрешување, поднесена од осудената во „Тенк“ Гордана Јанкулоска.

    Кацарска, откако им забележа на тројцата членови од Судскиот совет што на застапникот на барањето на Јанкулоска му дадоа час иполовина да зборува излегувајќи надвор од барањето, одговори на сите изнесени напади против неа.

    Кацарска му кажа на Судскиот совет дека ниту едно право на Јанкулоска, додека траеше судењето за местење на тендерот за скапиот мерцедес за Никола Груевски, не ѝ било ускратено.

    „На почетокот на судењето, Јанкулоска не само што не кажа на судот, туку не навести воопшто дека е бремена. Рочиштата траеја долго заради однесувањето. Се поднесуваа приговори, барања за изземање од сите адвокати по ред. За потоа во 15 часот да бараат да се прекине судењето, зашто истекло работното време и судењата да траат така во недоглед. Согласно судскиот деловник, расправа не се одлага ради истек на работно време и Јанкулоска како поранешен член на Владата го знаела работното време на судството“, рече Кацарска.

    Потоа одговори и дека никаде во Законот за кривична постапка (ЗКП), ниту во која било конвенција, не пишува дека на бремени жени и мајки не смее да им се суди. Потсети дека по породувањето на Јанкулоска таа 60 дена не закажа рочиште, а кога дојде ѝ кажа таа да одреди кога ќе биде паузата за детето, давајќи ѝ по 2 часа за мајчинството.

    „Слушнавме од полномошникот на Јанкулоска дека ниедна бремена жена или мајка не била судена. Тоа е лага. Имаше период кога бремени жени и мајки беа притворани, па и судени. Можеше Јанкулоска кога беше член на Владата да го измени ЗКП на бремените да не им се суди, јас ќе го почитував тоа“, рече Кацарска.

    Оваа комисија треба да утврди дали има или не одговорност кај Кацарска и да го извести Судскиот совет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира