ГРЦИЈА ГО УКОРИ ХАН ДА НЕ ДАВА ОПТИМИСТИЧКИ ИЗЈАВИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

    ГРЦИЈА ГО УКОРИ ХАН ДА НЕ ДАВА ОПТИМИСТИЧКИ ИЗЈАВИ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТОЕврокомесарот Јоханес Хан е оптимист дека за две недели ќе се најде решение за името. - Хан на примопредавање на возила од ЕУ за МВР во март минатата година (Фото: СДК.МК)

    Грчкото министерство за надворешни работи го повика Јоханес Хан да не дава изјави за преговорите за името, кои, како што се вели во соопштението на грчкото МНР, не ги разбира, откако еврокомесарот за соседска политика и проширување кажа дека е оптимист дека во следните две недели ќе има решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција.

    „Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува“, соопшти грчкото МНР.

    Хан претходно изрази оптимизам дека решението ќе го отвори патот за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

    „Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ. Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и целиот регион на Западен Балкан“, изјави еврокомесарот пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

    Премиерот Зоран Заев за изјавата на Хан рече дека две недели се премалку да се дојде до решение.

    „Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за недели пред нас и мислам дека две недели се премалку“, изјави Заев на заедничката прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира