И ДА ИМА САМО ЕДНА ПРЕТСТАВКА ОД БУГАРИН ОД МАКЕДОНИЈА, ТОЈ ИМА ПРАВО НА ЗАШТИТА ПРЕД ЗАКОНОТ, ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ ДАЛИ ДОЗНА КОИ ПРАВА МУ СЕ НАРУШЕНИ НА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО

    И ДА ИМА САМО ЕДНА ПРЕТСТАВКА ОД БУГАРИН ОД МАКЕДОНИЈА, ТОЈ ИМА ПРАВО НА ЗАШТИТА ПРЕД ЗАКОНОТ, ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ ДАЛИ ДОЗНА КОИ ПРАВА МУ СЕ НАРУШЕНИ НА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВОМакеоднскта и бугарската влада денеска во Сфија имаа и заедничка седница. (Фото: Влада на РСМ)

    Од Софија за САКАМДАКАЖАМ.МК: Соња Делевска

    Премиерот Димитар Ковачевски, прашан на брифинг во Софија кои конкретно права на припадниците на бугарското малцинство се прекршени во Македонија кога има само две претставки од работни односи, а ниедна по етнички основ и нема ниедна тужба во Стразбур од нив против нашата земја, одговори дека и само една да има, треба да се реши и да им се каже на бугарските власти како е решена.

    Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Бугарија, а денеска двете влади имаа и заедничка седница, смета дека во Македонија секој граѓанин има право на заштита пред институциите и пред законите и Уставот. Според него, и еден случај само да има, една претставка, ако ја занемариме, тоа ќе направи беспотребен проблем и мистерија. Институциите треба да го решат тој проблем, да одговорат, а ние да кажеме како е решено и зошто е така одлучено.

    Тој вели дека ние имаме уникатна заштита на малцинствата и ние сме единствената држава со министер, односно вицепремиер за политички систем и заштита на малцинствата. За разлика од Бугарија и Франција на пример, каде поединечните права се упатуваат на решавање преку поединечни, специјални институции, како Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур, кај нас законите еднакво важат за сите. Тоа било поздравено во Бугарија, кажа тој.

    Ковачевски кажа дека сите прашања – пет плус едно – во разговорите со Бугарија за деблокирање на нејзиното вето за почеток на преговорите со ЕУ, ќе бидат поставени во рамка, целина. Таа рамка треба да содржи достоинствени и поддржливи решенија во двете земји и решавањето на сите овие прашања, треба да донесе седнување на Македонија на меѓувладина конференција со ЕУ. Нема да има расцепкување на нерешените спорови, ќе одат во пакет, целина. Македонија ќе се придржува кон Резолуцијата донесена во нашиот парламент.

    За разлика од бугарскиот премиер Кирил Петков, кој минатат недела во Скопје кажа дека прогнозира за 6 месеци да се решат сите отворени прашања, Ковачевски денеска кажа дека тој нема да калкулира со рокови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира