ИМАМ ДОКАЗИ ЗА СИТЕ СРЕДБИ НА МИЈАЛКОВ СО ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ ЗА ДА МИ МОНТИРААТ СЛУЧАЈ, СВЕДОЧЕШЕ ЕКСДИРЕКТОРОТ НА УБК СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ

    ИМАМ ДОКАЗИ ЗА СИТЕ СРЕДБИ НА МИЈАЛКОВ СО ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ ЗА ДА МИ МОНТИРААТ СЛУЧАЈ, СВЕДОЧЕШЕ ЕКСДИРЕКТОРОТ НА УБК СЛОБОДАН БОГОЕВСКИЕксразузнавачот Слободан Богоевски побара оштета од милион евра за незаконското прислушување. (архивска фотографија)

    Поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски денеска сведочеше на судењето за предметот „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување и кажа дека бил следен само да за се монтира случај против него. Ексразузнавачот рече дека има докази за сите средби на обвинетиот во „Тврдина-Таргет“ Сашо Мијалков со обвинители и судии кои учествувале во предметот против него.

    „Незаконски бев во притвор со месеци. И денес ги трпам последиците донесени од судот по наредба на Мијалков. За сите средби на Мијалков со сите обвинители и судии кои учествувале во овој предмет имам докази. Имам писмени искази заверени на нотар од лица кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушувани разговори. Барам оштета за материјална штета од милион евра“, го пренесе сведочењето на Богоевски државната агенција МИА.

    Богоевски беше осуден и одлежа две години затвор во 2015 година во случајот „Агент“ за наводни малверзации при купопродажбата на земјиште кај салата „Борис Трајковски“. Претходно беше осум месеци во притвор.

    Богоевски рече дека од вработени во УБК бил предупреден дека му се следат комуникациите, а бил и физички следен.

    „Овие незаконски следени комуникации беа искористени полициски да се монтира случај против мене и уште неколку други лица каде единствен доказ е дека јас сум се познавал со двајца адвокати. Во сите случаи на УБК и БЈБ е прекршен законот со снимање на спектакуларни апсења, со лажни сведоци, со незаконски прислушувани разговори. Со овие постапки се кршел Уставот и Законот од страна на УБК каде шеф бил Сашо Мијалков, министер Гордана Јанкулоска и нивни блиски, рече Богоевски.

    Тој кажа дека во случајов не се битни поединци, туку масовноста на следењето на преку 20 илјади граѓани и затоа мора да има најстроги казни.

    Во предметот „Тврдина-Таргет“, застапуван од обвинителите Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, покрај ексдиректорот на УБК Мијалков, обвинети се и избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, група вработени и началничка од УБК.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира