КАТАСТРОФА НА СДСМ ВО АЕРОДРОМ И БИТОЛА, ВО ЦЕНТАР И ПРИЛЕП ИЗГУБИЈА НАД 6.000 ГЛАСОВИ

    КАТАСТРОФА НА СДСМ ВО АЕРОДРОМ И БИТОЛА, ВО ЦЕНТАР И ПРИЛЕП ИЗГУБИЈА НАД 6.000 ГЛАСОВИВо споредба со резултатите за избор на Совет на општините, значително поголем пат на добиени гласови има кај владејачката СДСМ, а кај ВМРО-ДПМНЕ падот е помал. - Мапа на резултати од Локалните избори 2017 и мапа на резултати од претседателските избори 2019 (Фото: Принтскрин/ДИК)

    И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на претседателски избори освоија помал број на гласови за разлика од локалните избори во октомври 2017 година. Во споредба со резултатите за избор на Совет на општините, значително поголем пад на добиени гласови има кај владејачката СДСМ, а кај ВМРО-ДПМНЕ падот е помал. Вкупно СДСМ има изгубено 92.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 16.000 гласови.

    Во сите скопски општини СДСМ освои помалку гласови за разлика од пред година и половина. Во Општина Аеродром на локалните избори пред година и половина за Советот на општината, СДСМ освоила 22.275 гласови, а на првиот круг од претседателските избори Пендаровски доби 14.007 гласови или 8.268 помалку. ВМРО-ДПМНЕ пак во 2017 година добил 17.922 гласови, а Силјановска 16.450 или 1.472 гласа помалку. Во Бутел СДСМ со Пендаровски освои 2.573 гласови помалку во споредба со локалните избори, а во Ѓорче Петров 4.802 гласови. ВМРО-ДПМНЕ во Бутел освои 1.372 помалку гласови, а во Ѓорче Петров 798. Во Општина Гази Баба за Пендаровски гласале 9.232 граѓани, а на локалните за СДСМ 15.616 што е 6.384 гласови помалку, а Силјановска има 1.298 гласови помалку. Во Кисела Вода СДСМ имаат 6.484, а ВМРО-ДПМНЕ 1.112 гласови помалку. Во општините Центар и Карпош каде единствено на претседателските избори победи СДСМ исто така има намалување на бројот на добиени гласови. Во Општина Центар на локалните избори за СДСМ гласале 18.483, а на претседателските 12.342, додека во Општина Карпош пред година и половина СДСМ доби 19.941, а сега 14.039. ВМРО-ДПМНЕ во Центар има 364 гласови помалку, а во Карпош 1.785 повеќе за разлика од локалните избори

    Во Битола на локалните избори СДСМ доби 26.555 гласови, на претседателските Пендаровски освои 17.766 или 8.789 помалку, додека Силјановска освои 511 повеќе од локалните избори. Во Велес СДСМ на овие избори изгуби 5.658, а ВМРО-ДПМНЕ 1.276.

    Помал број гласови СДСМ има освоено и во Струмица. На локалните СДСМ во Струмица освои 18.206, а на претседателските 12.544 или 5.662 помалку. Во Струмица и ВМРО-ДПМНЕ има помал број гласови и тоа 2.514 гласови.

    Во Штип СДСМ 4.248 помалку, а ВМРО-ДПМНЕ 2.149 помалку гласови. Во Прилеп на локалните СДСМ освои 23.398, на претседателските 17.101 или 6.287 помалку. ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп има 2.987 гласови помалку. Во Охрид СДСМ 2.728 помалку, а ВМРО-ДПМНЕ 386 гласови повеќе во споредба со 2017 година.

    Во Куманово СДСМ изгуби 5.515 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ има плус 304. Во Кавадарци СДСМ има 2.655 помалку освоени гласови во споредба со локалните избори, а ВМРО-ДПМНЕ 122 повеќе.

    Во поголем број од поголемите општини каде сега градоначалници се од редовите на СДСМ повеќе гласови доби кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова од нејзиниот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира