КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ ОД ДОМА И ВО СМЕНИ

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ ОД ДОМА И ВО СМЕНИСитуацијата со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа нема препорака за олабавување на мерките. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести препорачува вработените во државната и јавната админстрација и понатаму да работат во смени, дома или во ротации, иако Владата одлучи на 1 февруари да се вратат на работните места. Комисијата  исто така препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и да продолжат да работат до 21 часот.

    Миниистерството за здравство вели дека на денешниот состанок Комисијата дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19.

    „Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати“, вели Министерството.

    Кафеаните и кафулињата од 18 декемрви до 21 јануари работеа до 18 часот, а од 21 јануари до 21 часот. Независната угостителска комороа постојано апелира дека се во криза и бараат работното време да се продолжи до 23 часот.

    Државната администрација не оди на работа од почетокот на пандемијата на ковид-19. Во март со цел да се спречи ширење на вирусот, Владата донесе одлука административците да работат од дома. Дел од нив беа вратени на работа во јуни, но голем број продолжија да не одат бидејќи ослободени од одење на работа беа бремените жени, хронично болни, како и родителите на деца до 10 години. Со отворањето на градинките во септември и почетокот на учебната година мерката веќе не важеше, па оние административци кои ја користеа мораа да се вратат на работа. Но, одењето на работа траеше еден месец бидејќи на октомври беше донесена нова одлука за работа од дома или во смени и ротации.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира