МИЦОТАКИС ЌЕ СЕ БОРИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, КАЖА ЗАЕВ ПО НИВНАТА СРЕДБА ВО СОЛУН

    МИЦОТАКИС ЌЕ СЕ БОРИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, КАЖА ЗАЕВ ПО НИВНАТА СРЕДБА ВО СОЛУНМакедонскиот и грчкиот премиер, заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов се поканети на самитот како говорници на панелот „Југоисточна Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформи“. - Мицотакис и Заев во Солун (Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ни помогне да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, по нивната средба во Солун. Заев рече и дека имал можност од прва рака да добие информација како се дискутирало на состанокот на Европскиот совет минатиот месец, кога не добивме датум поради противењето на францускиот претседател Емануел Макрон.

    „Фокусот ни беше на Европскиот совет, одлуката која беше на Европскиот совет. Имав прилика од прва рака да добијам информација како се дискутирало, кои се очекувањата. Премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја за конечно да го добие датумот за почеток на преговори и јас сум среќен поради тоа, изјави Заев по средбата со Мицотакис.

    Двајцата зборувале и за имплементацијата на Договорот од Преспа.

    „Зборуваме за граничните премини. Зборуваме дека е добро е што се гради преминот Маркова нога. Зборувавме дека меѓународната експертска група треба да продолжи со разговорите и состанокот за да ги најде решенијата прифатливи секако за двете страни. Верувам дека се наоѓа прифатливо решение за оваа работа, треба да ги продолжат разговорите, веќе комуницираат самите комори кои ќе бидат од голема помош. И знам дека ќе изнајдеме прифатливо решение кое навистина ќе биде за бизнисмените, за производителите, за компаниите, и од Република Северна Македонија и од Република Грција, рече Заев по средбата во рамки на четвртиот самитот во Солун.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира