НЕМАТЕ ПЛАН Б ЗА НАТО, МОРА ДА ГО РЕШИТЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    НЕМАТЕ ПЛАН Б ЗА НАТО, МОРА ДА ГО РЕШИТЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Владата беше пречекан со највисоки воени и државни почести. - Столтенберг и Заев (Фото: М. Златевска)

    Немате план Б, морате да го решите прашањето за името кое го имате со Грција, рече Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата.

    „Ќе бидам искрен со вас, ги поздравуваме вашите реформи, но без решение на прашањето за името не можете да станете членка на НАТО. Одлуките во Алијансата се носат со консензус на сите членки и ако една земја го блокира членството, вашата земја не може да му се приклучи на НАТО. Ова на крајот на денот е политичка одлука. Вашите напори ќе бидат залудни ако мислите дека ќе станете членка без да го решите прашањето за името“ рече Столтенберг.

    Тој и на заедничката прес-конференција со Заев ги поздрави реформите кои ги спроведува Владата по 27 април, како и учеството на Македонија во мировните мисии.

    Премиерот Заев рече дека верува дека земјава ќе стане 30. членка на НАТО и дека Македонија е силно посветена на реформите, како и на решавање на спорот за името.

    Столтенберг во Владата беше пречекан со највисоки воени и државни почести. По средбата со Заев во Владата завршува посетата на Генералниот секретар на НАТО на земјава.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира